teatar1

По повод Светскиот ден на театарот, Народен театар Битола ќе го одбележи празникот со изведба на претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Деан Дамјановски.

Денот кога сцената му припаѓа на театарот, а аплаузот на публиката, битолскиот театар го слави со легендарната комедија и специјална понуда – влезници со 50% попуст, по цена од само 100 денари.

„Светот на ‘Сомнително лице’ на Нушиќ, прочитан денес, претставува еден дистопичен свет во кој шпионирањето и недовербата, како и лицемерието, корупцијата и стравот се нешто сосема нормално. Тоа е свет во кој гротеската станува реализам, а фарсата повторно станува историја. Самиот Нушиќ, во оригиналниот ракопис за ‘Сомнително лице’, во поднаслов има напишано ‘гоголијада во два чина’. Нашата претстава може да ја наречеме ‘современа нушиќијада’, или искривено огледало во кое светот и луѓето во него се претставени токму онакви какви што се“, истакнува режисерот.

Главната улога ја толкува Марјан Ѓорѓиевски, а на сцената настапуваат и Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.

Сценографијата и дизајнот на плакатот се дело на Филип Јовановски, костимографијата е на Андреј Папаз Ѓоргиевски, додека музиката ја компонира Марјан Неќак.

Одбележете го Светскиот ден на театарот со смеа, аплауз и полна сала. Местата се ограничени, затоа резервирајте го вашиот билет навреме – во билетарницата на театарот или онлајн.

Правила за живот од Балтазар Грасијан
Големите луѓе зависат од времето. Не можеле сите да се најдат во …
Мали навики кои прават чуда за метаболизмот
Ако чувствувате дека вашиот метаболизам работи побавно отколку порано или дека телото …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…