Лавандата е препознатлива по опојниот, смирувачки мирис, а според некои истражувања може да ви овозможи подобар и поубав сон. Обидете се да го вклучите во секојдневната рутина ако сакате полесно да заспиете и да се смирите навечер.
Како помага лавандата?
„Лавандата долго време се проучува за нејзините позитивни ефекти врз спиењето, како и врз анксиозноста и агитацијата“, вели д-р Јелена Дешко, основач на клиниката „Timeless Health“. Во едно значајно истражување од Универзитетот во Конектикат „Веслијан“, на учесниците им беше наложено да мирисаат на есенцијално масло од лаванда една вечер, а следната дестилирана вода. На крајот од студијата, истражувачите откриле дека лавандата придонела за тоа што испитаниците спиеле поздраво и наутро да се будат поенергични од вообичаено. Поради ова, многумина сметаат дека ова растение е идеално за борба против пролетниот замор.
Како да ја користите?
Лавандата можете да ја користите во форма на лосиони, креми, масла или сапуни, а доколку сакате да ја консумирате, можете да изберете капсули или чај од лаванда. Подготовката на чајот е едноставна – додадете ги исушените цветови од лаванда во зовриена вода и оставете ја да отстои неколку минути пред да се напиете. Мирисот и вкусот можат да имаат релаксирачки ефект врз сетилата и да ви помогнат да се подготвите за спиење. Доколку сте љубители на пријатна атмосфера, купете свеќи со мирис на лаванда или истурете неколку капки миризливо масло во дифузер.