Германската компанија, Симпател Телемаркетинг, со седиште во Битола, со гордост и огромно задоволство, денес го прославува својот двегодишен јубилеј на посветена работа, постојана ангажираност и извондредни резултати.
Во текот на овие две години, Симпател успешно го разви своето присуство и влијание во оваа индустрија со помош на иновативните начини за пристап кон клиентите, талентираните агенти кои одлично го зборуваат германскиот јазик во пишана и усна форма и успешните тренинзи поткрепени со врвна технологија.
„Да се раководи со германска компанија во областа на телемаркетингот е еден голем предизвик но, истовремено и голема одговорност. Во изминатите 2 години макотрпно работевме за да го постигнеме овој успех, а тоа е 6 проекти со безброј задоволни клиенти, 50 агенти со одлични комунукациски способности и солидни познавање на германскиот јазик. Изградивме извонреден тим на мотивирани професионалци кој секојдневно се надоградува и одговара на сите работни предизвици со голем ентузијазам. По повод нашиот втор роденден, би сакала да изразам голема благодарност до менаџерскиот тим на Симпател, Германија за укажаната можност и доверба да отворат компанија од ваков тип во Битола, а посебно на госпоѓата Весна Шикановска, менаџер на Симпател Кајзерслаутерн која го посочи токму Битола како град, за да се започне оваа успешна приказна. За крај, посебно сум среќна дека токму ние сме причината за многу наши сограѓани” да се остане во Битола”, а уште повеќе ме радува и фактот што во последно време сме и причината за “враќање во Битола” – Наташа Јовановска, менаџер на компанијата.
Симпател Телемаркетинг, Битола е првенец во областа на телемаркетингот во Битола, и тоа на германски јазик. Компанијата нуди висококвалитетни услови за работа, пријатна работна атмосфера, флексибилно работно време, многу конкурентна плата и можност за кариерен напредок. За комуникативните поединци кои вешто и течно го зборуваат германскиот јазик и понатаму има отворени работни позиции.
„ Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите оние кои безусловно не подржаа од самиот почеток и придонесоа Симпател Телемаркетинг Битола да биде тоа што е денес. Продолжуваме кон остварување на своите цели и во иднина, со уште поголем број на вработени и многу поголеми успеси. Среќен 2-ри роденден Симпател!“ – Дејан Јовевски, управител на компанијата.