Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар свечено го заокружи месецот на книгата со Манифестацијата на доделување на награди признанија по распишаниот награден конкурс за краток расказ во ликовниот амбиент на академикот Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски современи ликовни уметници, добитник на највисоката државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата во 2013.
На конкурсот имаа можност да учествуваат ученици од основните и средните училишта од Македонија и возрасни раскажувачи, така што, на адреса на ДК „Илинден“ пристигнаа 73 авторски творби.
Во продолжение наградените раскажувачи:
Основно образование:
Трета награда:
1. Јана Стојановиќ, 7-2 одд. ООУ „Гоце Делчев“, Тетово, ментор: Дени Илиевски,
расказ: „Училиштето денес“ ш. Ѕвон
2. Јована Ноева, 8 одд. ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип, ментор Лила
Петрушевска, расказ: „Библиотеката и мирисот на книгите“, ш. Библиотека
Втора награда:
1. Мина Краљ, 7-а одд. ООУ „Јосип Броз Тито“, Струга, ментор: Елизабет
Барануаи – Кукунешоска, расказ: „Социјалните медиуми и младите“, ш.
Интернет
2. Матеј Велков, ООУ „Даме Груев“, с. Ерџелија, ментор: Катерина Алексова
Наумова, расказ: „Моето бескрајно патување“, ш. 12
Прва награда:
1. Стефанија Чороска, 6-в одд, ООУ „Јосип Броз Тито“, Струга, ментор: Елизабет
Барануаи – Кукунешоска, расказ: „Есен во мојот град“, ш. Дожд
Средно образование:
Трета награда:
1. Анкица Наумова, Кавадарци, расказ: „Месецот на љубовната книга“ ш.
Љубовна книга
2. Андреа Димитровска, СОУ „Метоти Митевски – Брицо“, Делчево, расказ:
„болката на незаборавот“ ш. Незаборав
Втора награда:
1. Марко Серафимовски, Скопје, расказ: Виолинистот, ш. клуч
2. Теодора Мицеска, расказ: „Лудост е моето име“, ш. Теодора
Прва награда:
1. Миа Димевска, расказ: „Последен збогум на љубовта“ ш. 2012
Возрасни:
Трета награда:
1. Ѓоре Ѓелев, Велес, расказ: „Испосник“, ш. Емоционален испосник
Втора награда:
1. Љубица Трајковска, Прилеп, расказ: „Верувај“ ш. верувај
Прва награда:
1. Катерина Алексова Наумова, Штип, расказ: „Звукот на виолината“
Наградите на учесниците на конкурсот им ги додели директорот на Домот на културата „Илинден“ – Славче Велјановски.
Претходно, на првооделенците кои учат во општинските основни училишта им беа доделени ваучери за едногодишно членство во НБ „Петре М. Андреевски“ во Демир Хисар.