IMG 92cc954989f8ac39ef6a460ae314ecb8 V

„Песничките на баба и дедо“ e еден од проектите на здружението „Секвенца“ чија цел е зачувување на изворни песнички за деца кои произлегуваат од овој регион, но и да се овозможи да бидат слушани  и од идните генерации.

viber image 2024 09 25 19 13 04 734

Во контекст на оваа промоција, премиерно беше изведена песната „Поздрав од далеку“ во изведба на малата Марија Петковска.

Настанот го надополни детскиот хор група „Ежиња“ од детската градинка „Естреја Овадија Мара“ – Битола.

viber image 2024 09 25 19 12 13 635

Тимот на здружението ја промовира првата песна и им порача на младите да уживаат во песничката сѐ до реализација на наредниот дел од проектот.

viber image 2024 09 25 19 12 12 085

Здружението за музичка култура и уметност СЕКВЕНЦА Битола го претставува Марјан Паревски,  кој се залага за унапредување и афирмација на македонската култура и уметност, поддршка и негување на традиционалната и модерната култура и уметност во регионот и пошироко.

viber image 2024 09 25 19 13 07 360

Задачата на здружението е да посветува внимание и поддршка на млади таленти кои  сакаат да ја негуваат  музичката култура и уметност исто така и нивна промоција, со тоа што ја подигнува свеста на јавноста во Македонија дека културата и уметноста имаат големо општествено значење.

naslovna sekvenca
viber image 2024 09 25 19 12 12 881
viber image 2024 09 25 19 13 06 589
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…