Повеќе од 70 – тина битолчани денес, недела, 30.10.2022 година зедоа учество во акцијата за обнова на „Копанки”.

viber image 2022 10 30 16 12 05 948

Присутни беа планинари, скијачи, други спортисти, љубители на природата, членови од други здруженија на граѓани, Членови на Советот на Општина Битола, битолчани од сите возрасти, од седум до седумдесет и седум години.

Низ работата, повозрасните говореа за едно минато време на „Копанки”. Најинтересно беше сеќавањето на Кире Марков за далечната 1964 година, кога на многу мала возраст со помош на дрвена тезга вршеле дотур на камен од камењарот за доградба на домарските простории.

На денешната акција за обнова на „Копанки”, присутните изразија задоволство од пред сè убавата дружба, смеа и убавата работна атмосфера.

Од вчера, ПСК Пелистер ги започна подготвителните активности за обнова на „Копанки”, кои опфаќаат транспорт на градежни материјали до самиот планинарски дом, откако Општина Битола издвои финансиски средства наменети за „Копанки“.

Зошто несреќните луѓе сакаат да ја уништат среќата на другите?
Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со луѓе кои, …
Природна детоксификација на организмот по празниците со овој утрински пијалок
По празничните денови исполнети со тешка храна, слатки и помалку движење, организмот …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…