mladi mk

Во срцето на секоја нација, младите се како светилки што го осветлуваат патот кон иднината. Нивната енергија, страст и визија се неопходни за напредокот на општеството. Сепак, кога државата се соочува со катастрофи, било да е природни или предизвикани, често се случува колективниот заборав и корупцијата да ги засенат овие млади животи, оставајќи ги нивните соништа и потенцијали вечно неостварени.

Историјата е полна со примери каде што во општествата брзо се забораваат трагедиите од кои биле погодени. По првичниот шок и тага, по излеаните солзи, се чини дека меморијата на народот избледува, се брише, оставајќи ги жртвите и нивите семејства во сенките на заборавот. Овој феномен не само што ги понижува страдањата, туку и го спречува општеството да учи од сопствените грешки, зголемувајќи ја веројатноста за повторување на истите катастрофи. Народот се сплотува само во тага, само во жалост за да си ја исчисти совеста и животот им продолжува, заборавајќи на оние семејства кои до бескрај ќе жалат за изгубеното. Ќе настапи колективниот заборав и сè што било исто како да не било никогаш, банерите и плакатите со закани и пораки ќе бидат скинати, а општеството ќе продолжи да се богати и да лакоми на туѓите маки и болки.

Корупцијата е како тивок, безбоен отров што го разјадува ткивото на народот. Во моменти на криза, кога системот би требало да биде најсилен и најфункционален, корупцијата го парализира, овозможувајќи злоупотреби, неправди и занемарување на најранливите.

Медиумите, исто така, имаат огромна моќ во обликувањето на јавното мислење и заборавот,  повеќе од често ситуацијата е искористена за да се привлече  внимание, зголемувајќи ја драматичноста, хиперболизирање преку сензационални наслови и емотивни извештаи.

Младите индивидуалци се токму тие што ги носат најтешките последици од системските процеси и пропусти. Нивните животи полни со потенцијал и соништа, неограничени и инспиративни се сурово прекинати или засекогаш изменети. Секоја загубена млада душа е непроценлива загуба и потрес, рана која никогаш не заздравува.

Отворање на новите простории на Општинската Организација на Црвен Крст Битола наменети за социјалните услуги
Отворањето на нови поглавја во реализирањето на хуманата мисија е во тесна …
Воведение на Пресвета Богородица во ерусалимскиот Храм
Еден од големите Богородични празници е и празнувањето на споменот на Воведението …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…