Во спортската сала на ООУ „Св. Климент Охридски”- Битола во неделата се собраа ветеранките на поранешните клубови за женска кошарка „Ексимпорт” и „Пелистер”.

Традиционалната годишна средба помина во добро расположение, се евоцираа спомени од минатото, патувањата на натпреварите, анегдоти од подготовките за првенствата, а се одигра и традиционалниот ревијален натпревар каде резултатот беше во втор план.


Настапија: Ирена Здравкова, Јасмина Ангелковска, Гордана Шалеска, Маја Бурак, Јулијана Ѓоргиевска, Гордана Атанасовска, Елена Петровска, Надица Солзовска, Наташа Кузман, Наташа Кајгана, Тинка Богдановска и Лилјана Митревска. Присутен беше и поранешниот секретар на ЖКК “Пелистер” Владимир Прчков.



Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …








