Минатата недела во организација на ОСУС Кавадарци во спортската сала “Партизан” се одржа Државниот завршен турнир во кошарка (3х3) за средни училишта-момчиња и девојчиња. Учество зедоа четирите најдобри екипи од сите региони на државата. Во категоријата момчиња голем успех на екипата од Гимназијата “Ј.Б Тито” од Битола која доминантно го освои првото место. Во финалниот натпревар беа подобри од “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија.

За екипата на Горната настапија: Наум Марковски, Благојче Димитровски, Благој Тарашовски и Лео Созовски, предводени од професорот Антонио Трпковски.

Пласман-момчиња:
- место Гимназија “Јосип Броз Тито”-Битола
- место СОУ “Јосиф Јосифовски”-Гевгелија
- место Гимназија “Никола Карев”-Скопје

Пласман-девојчиња:
- место Спортската Академија-Кавадарци
- место ДСУ “Методи Митевски Брицо”-Скопје
- место СОУ “Ѓорче Петров”-Крива Паланка
Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …








