Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” од Битола во сопствена организација започна реставрација на ликовните дела на својот основач – светски познатиот и признат ликовен педагог и уметник Коста Хаџи-Антоновски (1935 – 2О21) кој го основал студиото пред 40 години.

viber image 2022 07 15 13 36 27 133

Наследникот на Хаџи-Антоновски, ликовниот педагог Ангела Каранфилова на сопствена иницијатива, а во согласност со семејството на Хаџи-Антоновски е одговорниот „виновник” што 10-тина дела на Коста Хаџи-Антоновски од периодот 1975 – 1985 година ќе го вратат својот сјај.

Каранфилова е студент на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, а над 15 години е член на ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола каде после 40 години ја презема позицијата ликовен педагог, кој само за календарската 2022 година работи со над 50 ученици – млади ликовни уметници.

Коста Хаџи-Антоновски беше познат и признат ликовен уметник и педагог кој едуцирал многу млади ликовни таленти, од кои денес голем број се врвни ликовни сликари. Иницијатор и организатор на многубројни културни настани во Битола. Битолчани го паметат како педагог, културен работник, голем почитувач на децата, но најмногу по неговата работа и угледот кој тој го направи со Малиот Битолски Монмартр. Исто така и по свечените отворања во битолската чаршија, но и по коледарскиот оган. Сепак, неговата препознатливост остануваат децата од целиот свет како цртаат низ Битола со препознатливите штафелаи и отворени бои.

Коста Хаџи-Антоновски е добитник на многубројни награди и признанија од земјата и странство – како и на наградата за животно дело на Општина Битола 4-ти Ноември додека со ДЛС „Свети Кирил и Методиј“  ја ставија Битола  на мапата на ликовните уметници ширум светот, додека Малиот Битолски Монмартр кој се организира на Денот на нивните патрони, Светите браќа Кирил и Методиј стана настан признаен од ООН и УНЕСКО како колонија за детско ликовно сликарство каде младите ликови уметници едвај чекаат да дојдат деца од сите страни на светот.

Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
Три натпревари и многу насмевки: „Младост“ гостуваше кај „Едесаикос“
Изминатиот викенд младите кошаркари и кошаркарки на КК „Младост“ – Битола гостуваа …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…