monmartr

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола на 20 април 2024 година ги објави и наградите за учесниците – поединци и школи од 42 издание на светската детска ликовна изложба по конкурс “Битола”.  

Меѓународната жири комисија во координација со Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола ги додели награди за најдобри колекции “Златна четка” за 2О24 кои се пратени на 42 издание на светската детска ликовна изложба по конкурс “Битола” и тоа на 2 школи од Русија, Индија, Унгарија, Албанија, Србија, Бугарија, Белорусија, Тајланд и Турција поточно 10 од нив додека доделени се и 2 награди за Специјални колекции  за школи од Словачка и Малезија

Жири комисијата воедно ги соопшти и резултатите од златните медали “Златна палета” кои оваа година во огромна конкуренција на над 50.000 пристигнати детски ликовни цртежи од над 40.000 млади ликовни уметници пристигнаа од над 800 пратки од над 80 земји од цел свет при што беа доделени на точно 128 учесници – ученици, а со Дипломи за посебен ликовен пристап во творештвото се здобија 177 ученици – учесници.

монмартр 102

Во галеријата Монмартр со чинот на свечено отворање на изложбата “Битола 2О24” година во своето 42 издание ќе бидат поставени 1.155 селектирани дела од кои 5О% ќе се на тема летни Олимписки и параолимписки игри во Париз – Франција – соработка со ИОК која трае веќе 24 години.

Се очекува изложбата да ја отвори амбасадорот на Република Франција во Македонија т.е. земјата домаќин на Олимпијадата за 2О24 година, а честа 43 издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” традиционално да ја прогласи за свечено отворена ќе го има градоначалникот на Битола што е статутарна одредба на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола.

“Oваа година на Мал Битолски Монмартр ќе има рекорден број учесници. Со наградата Покана за учество на колонија се здобија 24 делегации кои претставуваат 23 земји од кои 2О делегации од Португалија – Романија – Полска – Турција – Србија – Црна Гора – Бугарија – Грција – Франција – Малезија – Индија – Хонг Конг ( Кина ) – Израел – Чешка – Босна и Херцеговина – Хрватска – Јапонија – Словачка … веќе го потврдија своето учество со цифра која потврдува над 17О учесници на колонијата која свое свечено отворање ќе има во очи празникот на нашите патрони – Светите браќа Кирил и Методиј т.е. на 23 мај со почеток во 2О часот на платото Монмартр во срцето на старата битолска чаршија.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.

bitlski monmartr
Малиот Битолски Монмартр

Оваа година и Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола со награди за ученици, но и најави за учесници на Малиот Битолски Монмартр кој ќе биде трета по ред година без основачот Коста Хаџи-Антоновски.

“Жири комисијата ни додели 4 златни медали “Златни палети” на нашите ученици: Ана Полизовска – Сирма Спиркоска – Леа Стерјев и Маргарита Велјановска, додека 4 наши ученици се наградени и со Дипломи за посебен ликовен пристап во творештвото и тоа: Томислав Атанасовски – Матеј Јаневски – Јана Талеска и Јана Мојсовска.

Ова е и репрезентативна бројка наградени што пак е потврда дека традицијата на квалитетен ликовен детски и младински кадар кој го создава Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола и покрај физичкото отсуство на нашиот основач трае и понатаму и останува главен постулат во нашето постоење.” – истакна претседателот на УО при Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола – Славчо Неделковски.

viber image 2024 04 29 19 12 45 487

На светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр 2О24 година Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола ќе го претставуваат три ученички.

“Предизвик беше и наградата Учество иако Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола e организатор – реализатор на манифестациите што пак значи дека нема протекции и се чекаше мислењето на стручните лица.

Оваа година на Мал Битолски Монмартр ќе творат, а со тоа и натпреваруваат во име на Битола – Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола и Македонија ученичките Сирма Спиркоска, Ана Полизовска и Леа Стерјев. Мал, но компактен тим кој има соодветно искуство од учество на колонијата во Битола во 2О23 година како и колониите во Пловдив и Софија во Бугарија во 2О22 и 2О23 година но и Евора – Португалија изминатите 2 години.

Студиото во мај е затворено за активности за нашите 17О ученици кои бесплатно ликовно се едуцираат  затоа што целосниот фокус е на подготовки за пречек на истата цифра но наши гости од 23 – 30.05.2024 година како и теренски подготовки на нашата екипа која заедно со своите колеги 43 пат по ред ќе творат на темите “староградска архитектура” во Битола – Охрид и 1.000 годишниот манастир “Свети Јован Бигорски” што е огромна одговорност и предизвик.” – изјави Томислав Стерјев – координатор за ликовни активности при Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…