Пандемијата дефинитивно го промени животот на луѓето. Но, среќни сме што пандемијата испиша и убави приказни, особено за оние чиј талент бил потиснат долго време, а токму овој период го искористија за да допрат повторно во своето срце и да ги пуштат своите најдлабоки желби и страсти да излезат на површина. Една таква прекрасна приказна е онаа на Весна Дрогришка која својот талент го префрли на платното и наслика бројни слики кои се мелем за очите. Весна одлучи својот ликовен опус да го покаже пред битолската јавност на својата прва самостојна изложба која ќе се случи на 25 јуни 2022, во 19:30 часот во просториите на Офицерски Дом- Битола и ќе биде од изложбено-продажен карактер. Весна ни ја раскажа својата приказна за нејзината љубов кој сликањето, за првата слика, како започнала да слика за време на пандемијата.

288997056 739790533886427 1969848094937650286 n

Читај бе: Најнапред кажете ни, како се појави љубовта кон сликањето?

Весна: Љубовта кон сликањето ја имав уште од дете. Мојот талент прв го забележа мојот дедо кој во една прилика со свои раце направи штафелај и ми го подари. Никогаш не собрав храброст да ставам платно и да застанам пред него да насликам нешто. Се воодушевував и срамежливо ѕиркав во цртежите на дечињата од Малиот битолски монмартр кои сликаа на различни локации во нашиот град. Склопот на околности направи да престанам да се занимавам со сликање. Се омажив, родив деца, се вработив и немав многу време. Освен во одредени ситуации и моменти на опуштање земав молив и лист хартија и го воодушевував семејството.

Читај бе: Кога ја насликавте првата слика и што беше тоа?

Весна: За време на пандемијата, во еден момент на паника поради заострувањето на мерките знаејќи дека ќе бидам затворена дома, решив да го искористам времето и се охрабрив да си купам акрилни бои и парче платно. Така почна една прекрасна приказна. Првата слика беше водопад.

289566826 551536556710743 5765586924673452348 n

Читај бе: Која Ви е најомилена техника?

Весна: Во моментот сликам во акрилна техника и мислам дека оваа техника најмногу одговара на мојот темперамент.

Читај бе: Што најчесто сликате?

Весна: Сакам да сликам сé она што гледам, сакам да ги сликам сите убавини на светот, обожувам портрети, но она што најмногу сакам е сликата да буди емоции, да разбуди фантазија, да носи порака или да предизвика чувство на смирение.

Читај бе: Како се усовршувате во техниките на сликање?

Весна: Техниката на сликање ја усовршувам во уметничкото ателје на проф. Анкица Стевановска. На свои 42 години запишав приватни часови и со радост ги посетував. Во оваа прилика сакам да ѝ се заблагодарам за нејзината безрезервна поддршка.

Читај бе: Ја организирате својата прва самостојна изложба. Може ли да ни кажете колку слики ќе се најдат на неа, во каква техника се изработени и кој е најчестиот мотив на сликите?

Весна: На изложбата ќе се најдат 24 слики изработени во акрилна техника на платно или дрвена подлога. Ќе бидат изложени и неколку портрети. На останатите слики нема некоја посебна тема, едноставно сликав она што во моментот сум го чувствувала, љубов, чувство на вина, револт кон општеството, тага, страв итн.

Читај бе: Дали сликањето Ви е повеќе од хоби? Што поминнува низ главата на уметникот додека слика или ја развива идејата каков ќе биде крајниот производ?

Весна: Да, може да се каже дека ми е хоби, бидејќи ми предизвикува чувство на релаксација и лично задоволство и претставува една пријатна активност еднаква на медитација. Често пати додека сликам се „фаќам“ себеси дека некои потези со четката несвесно ги правам, најверојатно тука талентот си го прави своето. Додека сликам, гледам ништо да не поминува во мојата глава освен музиката која ја сакам. Не се оптоварувам со тоа дали некому ќе му се допадне освен кога станува збор за портрети се разбира. Сликањето го доживувам како време за себеизразување и себепосветување. Ако некому му се допадне делото, ме прави уште посреќна.

Error: Contact form not found.

meblo trejd popust 3

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…