На 12 септември 2022 година беше отворен Ромскиот здравствен образовен центар во Битола, кој е прв во Македонија и е во рамките на стратешкото партнерство „Roma HEALTH Care I“ (2017-1-DE02-KA204-004216).

Центарот ги започна своите активности, а прв официјален настан на Ромскиот здравствен образовен центар беше во соработка со ООУ„Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. На 29.09.2022 година во спортската сала на ООУ„Ѓорѓи Сугрев“ – Битола се одржа спортски натпревар со родители и деца од сите генерации од ромската и неромската заедница. За време на настанот учесниците се потсетија колку спортот е забавен, но и колку придонесува за нивното здравје ако го практикуваат редовно.

309597948 122028847297843 3527689959516303622 n

Ова беше прв пат да се соберат заедно родители и деца од сите генерации, вклучувајќи дел од наставниот кадар во ООУ„Ѓорѓи Сугрев“. Стотина учесници се забавуваа и учеа за важноста на спортот, дисциплината, правилата и фер играта преку: – кратко предавање за важноста на изведување на утринска гимнастика, физички вежби и пешачење/велосипедизам/трчање во природа; – активности за згревање – изведување на вежби за развој на телото; – изведување штафетни игри во две групи со ротација; – играње лепчиња со сите учесници; – крајна активност – играње заедничко народно „оро на пријателство“.

309580133 122034407297287 7447305653702873542 n

Учесниците беа презадоволни и посакаа овој настан да стане редовен и премине во традиција. Во активноста им помогнаа директорот на ООУ„Ѓорѓи Сугрев“, Роберт Филиповски, како и одделенските наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова Тасева кои помогнаа при организацијата и изведбата.

309562157 122028537297874 2096344785465395044 n

Исто така беше одржана и работилница со нутриционистот м-р Илија Бузлевски кој ги сподели своите совети за здравата исхрана.

309660009 122141667286561 2326390884608011626 n

Храната што ја јадеме има голем ефект врз нашето здравје и квалитетот на живот. Иако здравата исхрана може да биде прилично едноставна, порастот на популарните „диети“ предизвика збунетост. Всушност, тие трендови често го одвлекуваат вниманието од основните принципи во исхраната што се најважни.

308719669 122141910619870 4154332379579070140 n

Сите дилеми на присутните и оние што беа он лине се разјаснија.

309371741 122141867286541 1604143978613120828 n

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…