naslovna za briz

Репортажа на Маја Богоевска

Време е за едно малку поинакво патување. Патување низ историјата, во еден симпатичен белгиски град кој со сигурност ќе ве освои со својот фландриски шарм. Заради каналите, го нарекуваат „Венеција на Северот“, иако одамна со својот напор и труд кој се вложува во привлекување на туристите, тој дефинитивно е директен конкурент на Венеција.

Бриж. Град во северозападниот дел на Белгија со 118.000 жители, од кои 20.000 живеат во историскиот центар кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Името Бриж доаѓа од старонордискиот збор Brugja, што значи кеј. Историјата на Бриж датира од времето на Гај Јулиј Цезар. Првата зграда во овој град бил мост од римската ера.

2

Со самото пристигнување во центарот, вие станувате маѓепсани од тесните улички со калдрма, средновековната архитектура, цветните поштади, опојната миризба од белгиските вафли, но и од познатото белгиско чоколадо…

5

Бриж е град на историјата, прекрасните канали и пивото. Тој важи за еден од најживописните градови во Белгија, а многумина ќе речат – совршен град.

Од крајот на 19 век Бриж станува град на културата, а денес, благодарение на зачуваната архитектура, која е основа за туризмот, градот Бриж профитира на овој начин.

4
meblo trejd mialnici

Во центарот на градот се почитува строго правилото во однос на уредувањето на локалите и апартманите. Строго се забранети алуминиумски, неонски светла или какви било други детали кои би го нарушиле изгледот на зградите.

3

Податоците покажуваат дека секоја година околу три и пол милиони туристи од целиот свет уживаат во шармот на овој град од бајките. А доколку сакате целосно да уживате во градот, треба да го избегнувате во лето кога има огромен прилив на туристи.

Друга важна информација е дека повеќето музеи генерално се затворени во понеделник.

Задолжителни атракции во Бриж

Турата низ градот започнува од главниот плоштад кој датира од 13 век – Маркт.

Бург плоштадот пак ќе ве шармира со своите готски и ренесансни градби, каде што се наоѓа и градското собрание изградено од 1376 до 1420 година.

9

Кулата Белфорт ќе го привлече вашето внимание со својот физички изглед, како и со звукот што го произведува. Оваа кула е главниот симбол на градот и претставник на централноевропската архитектура. Од оваа октогонална кула на секој половина час бијат ѕвона, од кои ги има дури 47 и се наоѓаат на самиот врв на кулата. Кулата е стара речиси 7 века и е наведната еден метар кон исток.

8

Во Бриж најмногу ќе уживате на турата со брод и ќе се восхитувате на градот за време на романтично возење по каналите. Може да се одлучите и за малку поскапа опција за разгледување знаменитости, како што е возење со кочија. На кој начин и да одберете да го видите градот, нема да згрешите.

23

Кога сте во Бриж, не смеете да не пробате барем едно од разните видови белгиско чоколадо. Може да го посетите и музејот – „Чоко приказна“, кој е посветен на познатата белгиска традиција.

А ако сте љубител на пиво, тогаш повторно сте на вистинското место. Белгија е позната по доброто пиво, а во Бриж семејството De Halve Man прави пиво од 1856 година, тие ја поседуваат единствената зачувана пивара во стариот град и таму можете да го пробате нивното познато пиво.

Ако никогаш не сте пробале белгиска кујна, сега е вистинското време. Белгија нуди многу добра храна. Кој ресторан и да го одберете, сигурно е дека ќе уживате во вкусното сирење Трапист, помфритот со разни додатоци и многу други вкусни јадења.

И секако, вафлите. Од каде и да купите, со сигурност нема да згрешите.

15

Ова е само мал дел од она што го нуди овој магичен град. Уште со самото стапнување и првата прошетка по калдрмата ќе ве шармира со својата убавина и со сигурност ќе ве натера во иднина повторно да се вратите во него.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…

Галерија од Празничната атмосфера од Пелистерскиот Новогодишен базар

Магичната бајка за време на новогодишните и Божиќните празници. Забавата која цела…

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…