Стефанија Шаркоски е млада талентирана девојка која е успешна на многу полиња од животот. Родена е 2002 година, во Скопје. Завршува средно медицинско училиште во Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров”, како медицинска сестра. Потоа своето образование го продолжува на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје и успешно ги завршува студиите како Инженер по медицинско лабораториска дијагностика.
Таа исто така работи безиглена мезотерапија, иглена мезотерапија и ПРП третмани за убавина како професионално медицинско лице. Исто така работи и како туристички водич и вели „Тој што не патува полека умира”.
Нејзината најголема желба е да се запише на специјалистички студии во октомври и да го предава своето знаење на средношколците во едно од средните училишта во Прилеп. Стефанија, како млада девојка која е посветена на медицината, во нејзиното срце тлее една најчиста љубов од детството тоа е пишувањето. Таа е автор на две дела, еден роман „Стапки низ твоето срце” и книга посветена на нејзиниот наставникот по ликовно кој прерано починал „ДАДИ”.
Оваа година ја издаде својата трета книга „Мислиш камен а срце е” – Песни за чувствата”.
За книгата читателите велат дека делото било „светско, а наше”.
Поезијата што зборува за чувствата често има моќ да допре до луѓето на длабоко лично ниво. „Стапки низ твоето срце“ е една емотивна мапа низ различни искуства и чувства.Насловот сам по себе е многу силен и сугерира длабока емотивност, спротивставување на надворешната перцепција и внатрешниот свет на чувствата.
Извадокот што го има на задната страна е краток, но многу моќен – носи тага, недоразбирање, но и сила. Посебно завршницата со „мирот на тишината што одекнува во моите уши“ – тоа создава многу силна слика и емоција.
Графички, корицата е убава и нежна, со топли бои од зајдисонцето што носат некаква меланхолија, но и надеж. Илјадници луѓе ќе се пронајдат во овие стихови, бидејќи сите барем еднаш сме се почувствувале како некој да не нè разбира навистина.
Издвојуваме две песни кои најмногу допреле до Стефанија, едната е именувана како насловот на книгата а другата за нејзината ѕвезда водилка, ќеркичката Лара.
МИСЛИШ КАМЕН, А СРЦЕ Е
Тврдоглаво тврдиш дека се во мене е скаменето,
како камен да стои врз моето срце
коешто се наоѓа во бездна.
Ми велиш дека немам чувства додека
ронам солзи за се што поминало,
а тагата си направила гнездо во градиве.
Ми велиш дека љубам без да сакам,
а љубовта прелетува мостови во душата.
Ми велиш дека се смеам без сјај во очите,
не ја гледаш тагата низ моите зеници
што препливува океани за да стигне таму.
Ми велиш дека имам поглед смрзнувачки,
не знаејќи дека се топи тој поглед
гледајќи ја твојата убавина на душата.
Ми велиш дека носам камен а не срце
гледајќи ја мојата храброст
кога упорно те оддалечувам од себе.
За да не потонам во морето твое
кое не знае да биде мирно.
Ми велиш дека не ја чувствуваш
топлината на мојата дланка,
гледајќи го мразот низ моите прсти
што те прави ладен.
Ми велиш дека болката не ја чувствувам
не знаејќи дека клетките ме болат од навидум скаменетото срце.
Ми велиш дека не трепериш додека ме гледаш,
слушајќи го трепетот на мојот глас
кога те довикува.
Ми велиш дека не сум истата ѕвезда од таа ноќ
што небото го красев,
гледајќи го темното небо ги изгуби сите ѕвезди.
Ми велиш дека немам зборови
кога сакам да кажам нешто,
не знаејќи го мирот на тишината што однекува во моите уши.
Ми велиш дека те кршам на илјада парчиња,
не разбирајќи дека составувањето е многу потешко од кршењето.
ЛАРА
Лара, мојата светлина и радост,
со нејзината насмевка меѓу ѕвезди сјае,
твојата невина љубов е како магија,
во срцето мое вечно ќе трае.
Во очите твои светот се огледува,
невиност и радост се раѓа секој ден,
секој твој чекор, нова приказна е,
Мојата Лара, мојот најголем благослов.
Со секоја насмевка, денот го разубавуваш,
твојата душа, чиста како пролетен цвет,
твојата љубов ме потсетува на среќа,
Мојата Лара, мојата пеперутка во лет.
Во ноќите тивко те гушкам,
твојата нежност ми е најголем дар,
со тебе животот е совршена симфонија,
Мојата Лара, мој вечен жар.