Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троа – Франција информираат дека на учениците при Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на годинешното 31. издание на светскиот детски ликовен конкурс кој овој пат ја носеше темата „Олимписки игри – Франција 2О24” доделени им се 24 индивидуални благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 24 ученици од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола.
Воедно Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и по 31 пат повторно е единствен претставник за Македонија на овој значаен настан на УНЕСКО.
УНЕСКО оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 31 година, a ДЛС учествува исто толку години при што на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 78 земји во светот или за 8 повеќе од 2О23 година кои генерираа фонд од околу 4.ООО дела откако ги поминаа ригорозните квалификации од кои 8OО ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.
Втората фаза опфати 3ОО дела по што следеше номинација на 2ОО ученици за 1ОО награди или најдобрите 1ОО во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 12-ми март 2О24 година по селекцијата која траеше од 7 – 17 февруари 2О24 година а ова се учениците кои во име на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола ја претставија Македонија и се здобија со престижните награди и признанија:
Ема Карангелевска [ 8 ]– Матеа Ризановски [ 8 ] и Елиф Сулиманоска [ 9 ] во категоријата ученици од 6 до 9 годишна возраст.
Јана Талеска [ 1O ] – Фросина Полизовска [ 1O ] – Сара Сотировска [ 1O ] – Матеј Јаневски [ 1O ] – Ана-Марија Спировска [ 11 ] – Томислав Атанасовски [ 11 ] – Николија Костовска [ 12 ] – Андреј Миленковски [ 12 ] – Миа Мицевска [ 13 ] – Сандра Јандревски [ 13 ] – Анастасија Димитријовска [ 13 ] и Јована Василевски [ 13 ] во категоријата ученици од 1О до 13 годишна возраст.
Маргарита Велјановска [ 14 ] – Бојана Стефановска [ 14 ] – Стефанија Димитријовска [ 15 ] – Анастасија Наумчевска [ 15 ] – Леа Стерјев [ 15 ] – Ана Полизовска [ 15 ] – Андреа Ресановиќ [ 16 ] – Сирма Спиркоска [ 16 ] и Пенелопа Кочевска [ 17 ] во категоријата ученици од 14 до 17 годишна возраст.
Сите ученици се меѓу топ 1ОО во својата категорија.
Посебна покана има Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјалната церемонија за доделување на наградите како и учество во работниот дел на изложбата низ работилници и семинари како и состаноци на УНЕСКО во периодот од 31 мај до 4 јуни 2О24 година во Espace Argence во Троа – Франција.
„Ова е рекорд. Ова е сонот на нашиот основач Коста Хаџи-Антоновски. 24 награди и признанија за Македонија – 24 награди и признанија за Битола и за нашето студио е огромен успех по основ на скоро сите категории кои ги има УНЕСКО во нивните правила и прописи [ не се учествуваше само во категоријата на ученици од 18 до 25 годишна возраст затоа што во ДЛС членуваат ученици од 4 до 18 годишна возраст ].
И секако радост е дека веста доаѓа во моменти кога активно работиме на 42 издание на светската детска изложба по конкурс „Битола” и 43. издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” што не мотивира уште повеќе да се ангажираме иако финансиски оваа година за УНЕСКО од Министерството добивме нула денари затоа што во ноември 2О23 година не сме и доставиле на комисијата награди и покани кои ги имаме сега. Кога не би било смешно би било трагично, но ништо не може да и наштети на нашата радост.
Оваа година ДЛС нема да патува во Троа затоа што барањето средства ни е ословено како „питачење” што е навреда за сите наши 15О активни членови, но затоа следната 2О25 година ќе патуваме со сите наградени ученици затоа што УНЕСКО ќе го препознае нашиот квалитет кога веќе по дома владее слепило.
Честитки од име на ДЛС кон сите ученици и огромна благодарност кон нивните родители кои ни ја дале довербата за грижа на ликовниот талент на нивните деца а наши ученици. Мисијата на Коста е жива.” – изјави Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.