viber image 2023 06 03 17 43 39 073

Вечерва заврши петдневната манифестација на УНЕСКО специјализирана за детското сликарство и младите ликовни уметници за кои е задолжен Светскиот младински уметнички институтот – Центар за УНЕСКО со седиште во Троа – Франција.

viber image 2023 06 03 17 43 38 968

На денешната церемонија на наградување на делата кои пристигнаа на 3О-тиот јубилеен светски детски ликовен конкурс а на кој учество имаа над 85 земји во посебен сегмент беа поединечно доделени 1О специјални награди за посебен индивидуален пристап во своето сликарство на 1О членови на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.

Беа доделени посебни Признанија на Јана Талевска и Никола Тасевски што од страна на УНЕСКО беа номинирани па оценети во топ 1О најдобри млади ликовни уметници во светот во својата категорија.

viber image 2023 06 03 17 43 39 319

Посебни и специјални Награди и Признанија беа доделени и на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола кое 3О години единствено ја застапува Македонија и редовно е наградувано како и Претседателката Елена Хаџи-Антоновска за својот долгогодишен работен стаж од скоро 3О години во работа во организацијата и младите ликовни уметници.

Ученичката Валерија Костовска доби и посебно Признание за освоено високо трето место во светот во категоријата млади уметници од 14 – 17 години за што од страна на Претседателот Мишел Гирост и Директорката Каролина Салдана и беа врачени и хартиена плакета и бронзен медал.

viber image 2023 06 03 17 43 39 913

Претседателот на Управниот одбор на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола Славчо Неделковски за време на посетата на Париз и Троа одржа работни состаноци со челниците на УНЕСКО со цел започнување на постапка за обезбедување на заштитна на движно светско наследство на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр.

viber image 2023 06 03 17 43 39 638

Патувањето беше обезбедено со поддршка на Претседателот на Комисијата за развојни програми со ЕУ и УНЕСКО при Меѓународниот Управен одбор на Мал Битолски Монмартр – Милен Врабевски како и лични донации на Претседателот Стево Пендаровски и финансиска помош од Министерството за култура како и поддршка од Општина Битола како и медиумскиот партнер на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола – порталот Читај Бе, изјави Неделковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…