Натали Јованоска е 33-годишна битолчанка, која својот кариерен пат одлучи да ѝ го посвети на Астрологијата и целосно да зачекори кон нејзино проучување. Таа сите свои искуства и астролошки познавања ги пренесе во нејзината прва издадена книга ,,Вовед во Астрологијата”.
Таа во интервјуто за Читај бе посочува дека Астрологијата не е религија, туку јазик. Во Астрологијата не се верува, туку се чувствува, се проценува и се внимава на знаците и на енергијата.
,,Ако зборуваме за астролошките аспекти, како најинтересни и најлесно препознатливи ќе ги издвојам транзитен Сатурн или познат како враќањето на Сатурн” – констатира Натали за Читај бе.
Читај бе: Како и кога започна да се интересираш за Астрологијата?
За Астрологијата пробудив интерес на моите 15 години и тогаш ја изработив и првата натална карта од која бев навистина фасцинирана. Од тој момент одлучив подлабоко да навлезам во оваа наука.
Читај бе: Какви се општите убедувања за Астрологијата и на кое ниво е едуцираноста на граѓаните, што се однесува на оваа наука?
Можам да кажам дека во последните 4 години интересот за Астрологијата интензивно расте, а едуцираноста на граѓаните, за жал, не е на високо ниво. Многу ме боли фактот што голем процент од луѓето ја гледаат Астрологијата како наука која ја предвидува иднината.
Читај бе: Кои аспекти на Астрологијата се најинтересни и зошто?
Ако зборуваме за астролошките аспекти, како најинтересни и најлесно препознатливи ќе ги издвојам транзитен Сатурн или познат како враќањето на Сатурн. На оваа планета потребни и се околу 30 години за да го помине астролошкото тркало, што значи во животот на еден човек, Сатурн ќе застане на позиција каде што бил во моментот на раѓањето на човечките 30, 60 и 90 години. Ова е главниот и највозбудлив аспект кој го означува созревањето на човекот. Ние сме една личност до триесеттата година, друга личност во периодот меѓу 30 и 60 години и трета личност од 60 до 90 години. Во зависност од тоа како е позициран Сатурн во времето на нашето раѓање, наталната карта ќе ни каже на кое поле ние ќе ја изучиме лекцијата за нашето созревање.
Читај бе: Која е техниката, доколку би можела накратко да ни ја опишеш, со помош на која го разбираш животниот пат или карактерите на луѓето?
Наједноставното нешто за кое веќе сите треба да сме будни и свесно е енергијата на четирите елементи (вода, воздух, оган и земја). Би требало веќе и да можеме да препознаваме енергии и да го чувствуваме она што кружи околу нас. За почетници доволно е да се препознава и разликува машката од женската енергија, со други зборови, огнот и воздухот се машка енергија, а водата и земјата женска енергија. Астрологијата дава длабок увид во нашата енергија за потоа ние да знаеме како таа енергија ќе се носи со сезоните кои доаѓаат. Како што ни е јасно дека сега доаѓа пролет, а со самото тоа потсвесно знаеме и дека ќе расцветаат цвеќињата, така треба да знаеме како нашата енергија ќе се носи со сезоните и циклусите на универзумот.
Читај бе: Како би ги опишака критиките кон оваа наука или теориите кои тврдат дека Астрологијата не е наука?
Мислам дека не постои човек кој не погледнал во небото и не напрабил wondering.. Исто така не постои човек што не знае што е во хороскоп. Ние свесно или несвесно, некаде длабоко во нас веруваме дека универзумот е тој што ја крои нашата судбина.
Проблемот со астрологијата е што не можела никогаш да се дефинира. За да се дефинира потребна е брза информација, што за жал научниците како Птолемеј ја немале. На пример за Птолемеј да дефинира некоја негова теорија тој ја споредувал со Египјаните, а пак за да дојде во контакт со нив потребен бил долг временски период. Информацијата била многу бавна во времето кога одредени астролози и математичари се обидувале да ја утврдат науката. Денес за среќа информацијата е многу брза, а влегуваме во време каде што и интересот за Астрологијата расте. Јас верувам дека со транзитот на Плутон во Риби кој треба да се случи од 2043 до 2076 оваа наука ќе биде веќе утврдена, а за тоа нормално ќе се погрижи моменталниот транзит на Плутон во Водолија.
Читај бе: Кои сѐ школи си ги посетила и низ какви искуства си поминала? Наведи неколку настани и искуства кои сметаш дека се впечатливи.
Школи, книги и кратки курсеви. Искрено најмногу ми помогна моето животно искуство за да ја разберам астрологијата. Како најинтересен настан во 2012 година беше мојата средба со еден постар човек кој знаеше детално во кој знак транзитира месечината, дали е огнена, земјена, воздушна или водена. Човекот не користеше ниту мобилен телефон, ниту компјутер. Бев воодушевена од него, а на моето прашање од каде му е огромното познавање на оваа наука, ми одговори само со: YOU FEEL IT! Тоа беше моето будење, бидејќи за да ја разбереш Астрологијата мораш да ги чувствуваш работите и циклусите на месечината, сонцето и планетите.
Читај бе: Со кои предизвици се соочуваш како астролог и како се справуваш со нив?
Имам голема верба во себе😊
Читај бе: Како ни влијае астрологијата во секојдневниот живот и при носењето на значајни одлуки?
Има големо влијание. Некогаш ќе се случи да донесеме одредена одлука, а сме во тотален дисбаланс и затоа подоцна се каеме. Важно е да сме во рамнотежа и да ја избалансираме машката и женската енергија, само во ваква состојба размислуваме реално и носиме правилни одлуки.
Читај бе: Зошто треба да веруваме во астрологијата и да ги следиме новостите?
Во Астрологијата не се верува. Астрологијата не е религија, таа е јазик.😊
Читај бе: Можеш ли да издвоиш интересен пример кој ќе важи како доказ за вистинските вредности на оваа наука?
Моите фасцинирани клиенти се пример и доказ за оваа наука.
Читај бе: Би сакала, за крај, да ни кажеш за твојата книга ,,Вовед во Астрологијата”, односно како таа би им помогнала на читателите да се едуцираат и полесно да ја сфатат оваа наука.
Вовед во Астрологијата е всушност мојата тетратка која јас си ја пишував за себе во време кога немав доволно искуство за да ги запаметам сите информации. Ја имав доста добро средено за кога ќе отворам натална карта да можам да се потсетам на одредени работи. Забелешките се пишувани 2009/10/11 година и по мојата 10 годишна турнеја низ светот се вратив повторно дома и си ја најдов таа тетратка, во неа внесов секако нови искуства и решив да ја издадам. Со помош на оваа книга секој ќе знае да прочита една натална карта. Мојата цел е да можам сите да ги научам да го разбираат астролошкиот јазик.