fear 5462288 1920

Бидете зафатени. Тоa е најевтиниот лек во светот, и еден од најефикасните.
Дејл Карнеги разви своја концепција за бесконфликтен и успешен однос. Тој имаше многу приврзаници на неговата теорија, но и оние кои беа против. Еден од неговите најпознати цитати е: „Можете да го победите речиси секој страв само ако одлучите да го сторите тоа. Запомнете, стравот не постои никаде освен во умот.“

Dale Carnegie

Сепак, никој не остана рамнодушен и корисно е да ги прочитате неговите совети:

1. Секој човек е будала најмалку пет минути во денот. Вистинската мудрост се сведува на тоа да не се надминува тој временски рок.

2. Ако судбината ви даде лимон, направете лимонада.

3. Научете да се ставате во позиција на друга личност и да разберете што нему му треба, а не вам. Целиот свет ќе биде со оној кој ќе успее да го стори тоа.

4. Бидете зафатени. Тој е најевтиниот лек во светот, и еден од најефикасните.

5. Ако сакате да промените некого, започнете со себе. Покорисно е и побезбедно.

6. Замислете ги најлошите последици што може да ги предизвика вашето дело, однапред помирете се со нив и потоа постапете!

7. Насмевката не чини ништо, но вреди многу.

8. Многумина викаат лекар кога им треба публика.

9. Луѓето не се заинтересирани ни за мене ни за вас. Наутро, напладне и навечер се занимаваат само со себе.

10. Кога човек започнува војна против себе, тој веќе вреди нешто.

11. Јасно е дека вашиот сопруг има недостатоци, но да е светец никогаш не би се оженил со вас.

12. Запомнете дека името на една личност за него е најслаткиот и најважниот звук на планетата на кој било јазик.

13. Тајната на нашата несреќа е што имаме премногу слободно време да размислуваме дали сме среќни или не.

14. За мудар човек, секој ден започнува нов живот.

Извор

meblo trejd grealka
Зошто сме постојано уморни и кога ништо не правиме
Никогаш немаме работено повеќе – а никогаш не сме биле поуморни. Деновите …
Македонското вино и храна – Совршена симфонија на вкусовите
Виното секогаш ја следи храната, со својата разновидност на вкусови, ароми и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…