atlas znaminja

Знамињата на земјите се со различни бои, украсени со секакви елементи како орли, ѕвезди, змејови. Меѓутоа, ако добро ги познавате боите и грбовите, сигурно сте забележале една работа, а тоа е дека на ниту едно знаме нема виолетова боја.

Причината лежи во тоа што, меѓу другото, виолетовата боја во минатото била многу скапа. Во античко време се добивала од посебен вид морски полжави од Медитеранот. За само еден грам боја биле потребни преку 10.000 полжави. Затоа оваа боја ја ценеле колку злато, пишува Quora.com.

snail g0d03d1249 640

Во повеќето случаи, виолетовата боја се поврзувала со кралските семејства, бидејќи само тие имале услови да ја носат.

Во 16 век, кралицата Елизабета наредила само членовите на кралското семејство да носат виолетова боја. И никој освен нив.

Сепак, оваа боја понекогаш била скапа за самите владетели.

Римскиот император Аврелиј и забранил на сопругата да купи свилена виолетова марама, бидејќи само едно шише боја чинела три златни прачки, што денес би изнесувало околу 50.000 евра.

Престижниот статус на виолетовата боја се промени дури во 1856 година кога младиот британски хемичар, Вилијам Хенри Перкин, додека се обидуваше да најде лек за маларија, случајно откри начин да произведе синтетичка виолетова боја.

Бидејќи неговото производство беше многу полесно, виолетовата боја стана достапна за секого, и не е чудно што се појавува на некои знамиња создадени околу 1900 година.

Ако светот го водеше жена немаше да има солзи
Пишува: Сара Танаскоска Низ историјата женското тело поминало низ многу фази на …
Осаменост меѓу луѓе – тишината што најмногу боли
„Осаменоста не потекнува од немањето на луѓе околу вас. Осаменоста се случува …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…