495743874 1492018822166366 943449588513984166 n e1746718173793

АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и годинава активно се вклучи во Саемот за кариера на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола, кој традиционално се одржува со цел поврзување на академската заедница со реалниот сектор.

495371379 1492018758833039 716812924328910496 n edited

На Career Expo 2025, претставници од РЕК Битола се сретнаа со студентите од насоките за компјутерски науки и комуникациско инженерство, каде имаа можност да ги запознаат младите со работата на Комбинатот и можностите што ги нуди за практична настава.

496394020 1492018902166358 3658861723152402458 n

Во рамки на настанот, беше претставен секторот за деловно технички апликации, кој произлегува од службата за Автоматска обработка на податоци, а интересот кај студентите за практична примена на знаењата стекнати на факултет беше исклучително голем.

495609507 1492019102166338 5476924426025146075 n

Претставниците на РЕК Битола остварија и конструктивна средба со продеканката на ФИКТ, проф. д-р Костандина Вељановска, при што се разгледуваше можноста за потпишување Меморандум за соработка, со цел унапредување на партнерството помеѓу индустријата и образованието.

495565316 1492018862166362 1167059078149798438 n edited

Саемот уште еднаш ја покажа својата вредност како платформа што ги спојува знаењето, искуството и младоста. РЕК Битола изрази задоволство што е дел од ваков настан, кој носи нова енергија и перспективи за иднината на технолошкиот развој во земјава.

Како правилно да си ги поставите и да ги постигнете целите
Ако сакате да бидете успешни во животот и да го добиете она …
Пешачењето е најдобриот лек: Започнете уште денес!
Дали некогаш сте ја слушнале изреката на Хипократ: „Одењето е најдобриот лек“? …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…