Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, од 20.00 часот во Офицерскиот дом, ќе се одржи солистички концерт на Давор Неќак – баритон, во прудружба на Горјана Стојановска – пијано, а присутните ќе имаат можност да ја проследат концертната програма исполнета со дела од П. И. Чајковски, Џ. Верди, М. Равел, С. Рахмањинов и други композитори.

event nechak

Биографија на Давор Неќак

Давор Неќак (баритон) роден е во Битола, а солист e на Ријечката опера во Хрватска. Музичкото образование го започнал како пијанист, а средното образование го продолжил како соло пеач во класата на проф. Маја Митровска. Своите студии ги продолжува на Музичката академија во Загреб во класата на Влатка Оршанич . Веќе на третата година од студиите на академијата во Загреб, со 21 година положува аудиција во Загребската опера и дебитира со улогата на Моралес во Кармен. Понатаму следуваат ангажмани:

улогата на Меркуцио во операта „Ромео и Јулија“ (Ч.Гуно) во продукција на Хрватскиот народен театар Иван пл. Зајц во Ријека, во Хрватскиот народен театар во Загреб, улогата на Беглербег во операта „Никола Шубиќ Зрињски“ (И.П.Зајц) во Хрватскиот народен театар во Загреб,улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“ (Ј. Масне) во продукција на Музичката академија во Загреб, улогата на Колас во операта „Бастиен и Бастиен“ (В. А. Моцарт) во продукција на ХНК Вараждин, улогата на Ван Стин во оперетата „Моќта на љубовта“ (Ѓ. Ајзенхут) во соработка со Ријечкиот театар и Загрепската филхармонија, улогата на Мајорот во операта „Животинска фарма“ (И. Куљериќ) во продукција на Академијата за музика во Загреб, улогата на Фигаро во оперетата „Прилежници“ (Л. Уран) на Театар „Комедија“.

Меѓу концертните настапи се истакнуваат настапот како солист во кантатата Кармина Бурана во продукција на Музичката академија во Загреб, настап со  Загребската филхармонија во изведба на циклусот на Морис Равел: Дон Кихот а Дулсинее, солист во Мисата на Џоакино Росини „Petite messe solennelle“ во продукција на ХРТ – хорот, солист во Реквиемот на Фауре со академскиот хор „Палма“ , солист во Баховата Пасија по Марко во продукцијата на Музичката академија во Загреб, Исус во Баховата Пасија по  Иван во продукцијата на Ријека ХНК, рецитали во ХНК Шибеник во сезоните 2019/2020. и 2020/2021 година, настап на Вараждинските барокни вечери во 2019 година како дел од проектот „Лазарус“, настапи со Џез Биг Бендот на Академијата за музика под диригентство на маестро Саша Несторовиќ. Веќе како студент е добитник на бројни награди, меѓу кои 1-ва награда на државниот натпревар ХДГПП во Загреб, 1-ва награда на меѓународниот натпревар во Словачка, Трнава – „Микулас Шнајдер Трнавски“, посебна награда на натпреварот ЗИНКА МИЛАНОВ, доделена од Љубљанската опера – Улогата на Онегин во продукција на љубљанската опера. Номиниран е за Хрватската актерско-оперска награда во категоријата „исклучително оперско достигнување за млади уметници до 30 години“, за улогата на Пандолф во операта „Пепелашка“. Соработувал со диригенти како мо. Марчело Мотадели, Мо. Филип фон Штајнакер, мо. Марко Хриберник мо. Иван Јосип Скендер, мо. Јосип Шего, мо. Матија Фортуна, мо. Миран Ваупотиќ, мо. Даријан Ивезиќ, мо. Александар Калајѓиќ, а со режисерите: Арнауд Бернард, Озрен Прохиќ, Крешимир Доленчиќ, Саша Аночиќ, Марин Блажевиќ итн. Посетувал бројни семинари со познати професори и пејачи како Рајнер Трост, Оливера Миљаковиќ, Крешимир Стражанац.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    10. издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА во Старата битолска чаршија

    Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот…