srpci nas

Во склоп на проектот „Да ја вратиме љубовта кон читањето“ на Пелагониските културно –научни средби се одржаа последните едукативни работилници во ООУ „Кочо Рацин“ -Ивањевци, ПУ с.Српци –  Општина Могила, со кои ракводи директорот Николче Циуновски.

Во работилниците учествуваа учениците од прво до петто одделени, чии одделенски наставници се Ирена Кочова и Дунавка Коштревска.

Учениците имаа можност да се забавуваат преку цртање, пишување и читање на начини кои нив им се блиски според возраста.

Во училишната библиотека беа подарени неколку најнови наслови од македонски автори.

Во текот на работилниците- за работа се користеше книгата за деца „Последниот лист гитарист“ од Даниела Петровска и дел од творештвото на писателот за деца – Киро Донев.

Креатор на проектот е д-р Весна Калпаковска, а координатор е Биљана Т. Димко, проектот е поддржан од Општина Битола.

Воодушевувачки е колку убаво средено училиштето и сиот училиштен простор – пофалби до исклучително посветените наставниции и техничката служба.

 Во подрачното училиште „Кочо Рацин“ во Српци, се реализира настава од прво до деветто одделение, на македонски јазик. Училиштето ги има сите услови за реализација на формална и современа настава.

Училиштата кои се лоцирани во руралните предели на Пелагонија имаат голема важност не само поради образовната намена туку и за севкупниот општествен живот.  

Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…