Под водство на ликовниот уметник Анкица Стевановска во просторијата за приредби на ООУ „Климент Охридски“ – Битола се исцртаа три големи мурали посветени на македонскиот поет Ацо Шопов. На самите мурали се испишани стихови од поемите на Ацо Шопов на кирилично писмо, поттик за младите генерации да го користат истото. Муралите се во чест на 100 години од раѓањето на поетот.












На овој начин се популаризира истовремено и ликовната уметност и македонската книжевност.
Муралите се дел од проектот „Цртај на македонски“ на Министерство за култура на Македонија.
Д-р Рајовиќ: Има само еден начин да се доведе во ред луто и разгалено дете
Д-р Ранко Рајовиќ е доктор, невроендокринолог, основач на Центарот „Никола Тесла“, одделот …
Раскажи ми приказна: Хесе во Магарево
Во летото 1943-та Херман Хесе дошол на поседок во Магарево (село во …








