Изложбата AGAPE стопли многу битолски срца, љубители на иконографијата. За прекрасната уметност претставена на изложбата е заслужна Анкица Стевановска, која што е родена во Штип, а магистрира менаџмент во Битола.

319162068 1274110176779964 6242652653527287634 n

Љубовта кон уметноста и иконографијата не ја оставија рамнодушна, па Анкица, својот животен пат се одлучи да и го посвети на ликовната уметност и да ја гради својата кариера во оваа сфера. Таа дипломира на ликовната академија кај познатите руски професори Викторија и Игор Егорови, а денес, освен што е наставник по ликовна уметност, ја води и школата за уметност Адамс Арт.

Анкица вели, дека уметникот секогаш го слика она што му се наоѓа во душата, односно ја одсликува душата на парче хартија во боите на уметноста. Таа ја обожува љубовта, особено љубовта кон Бога, кон синот Адам, кон учениците, пријателите и блиските. Љубовта е животна водилка која резултира со љубов, па затоа Анкица е целосно посветена на иконографијата, за која што вели дека го претставува Бога, односно неговата суштина, а тоа е љубовта.

„Изложбата имаше наслов АГАПЕ. Агапе е највисоката форма на љубов, миолосрдие во библијата, една од четирите видови на Љубов. Таа е љубов што се протега надвор од емоциите и многу повеќе од чувство. Агапе љубов е активна покажувајки ја љубовта преку дејства. Љубовта не е само атрибут на Бога… Љубовта е негова суштина. Бог е во основа љубовта. Таа емоција беше претставена во сите дела изработени од групата на возрасни уметници во школата Адамс Арт. Сите учесници на изложбата се и дел од курсот за иконографија, затоа на самата изложба беа претставени и икони. Исто така беа претставени и рачно изработени акцесоари кои се уникатни лимитирани парчиња. Пораката на изложбата е дека возрасните треба да го следат својот сон и да го негуваат својот талент исто како и децата” – изјави Анкица Стевановска за Читај бе.

318751755 1182474939051206 7521009211779040501 n

Адамс Арт е школа која што се наоѓа во Битола и ја посетуваат лица од сите возрасти кои се мотивирани и инспирирани да ги усовршат своите вештини во уметноста. Целта на Адамс Арт е да ги подготви идните уметници со способности за цртачки и сликарски техники, иконографија и креативен дизајн.

Error: Contact form not found.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…