Синоќа во Битола беа прогласени најуспешните велосипедисти и велосипедски клубови победници на РАНГ-ЛИСТА во Лига систем натпреварите од календарот на  Велосипедската федерација на Македонија  за 2022 година.

Велосипедската федерација на Македонија согласно Програмата секоја година традиционално ги прогласува најуспешните поединци и клубови, оваа година по 75-ти пат се одржува овој настан. Оваа година организатор на настанот е Националната мрежа за спорт и млади заедно со Велосипедската федерација на Македонија, а покровител на манифестацијата е Голд Фелициа.

за 2022 22

Нашите најдобри велосипедисти со репрезентативните селекции и клубови во 2022 година во друмски велосипедизам учествуваа и остварија добри спортски резултати на Европското првенство во Португалија за јуниори и У-23, Европското првенство во Германија за елит, сениори и јуниори во Турција, сениори на Обиколка на Бугарија, По патеките на Римјаните, Куп Средногорие, јуниорите на  Трофеј Милан Паниќ и на Балканско првенства во Грција во планински велосипедизам  со сите селекции.

за 2022

Исто така  клубовите членови на Велосипедската федерација  во изминатава година настапуваа на повеќе меѓународни натпревари, од календарот на УЦИ  надвор од Македонија на кои некои од нив постигнаа  добри резултати.

„Натпреварите од Календарот на ВФМ беа организирани на високо ниво и за тоа им искажуваме голема благодарност на клубовите кои беа технички организатори на овие натпревари. Секако огромна благодарност и до општините и градоначалниците кои го препознаа потенцијалот на велосипедизмот како спорт и ги поддржаа програмските активности на Велосипедската федерација. Покрај досегашните во следната година очекуваме уште поголем број на општини да  се приклучат во реализацијата на програмата за 2023 година која ја спремаме во соработка со нив.

Во оваа пригода би сакале да искажеме  благодарност и до Агенцијата за млади и спорт која во голема мера како и изминатите години ја поддржа програмата на федерацијата“, велат од федерацијата.

Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски

ВФМ во 2022 година  ја реализираше  зацртаната програма, организирајќи го Лига системот на натпревари во четири дисциплини и тоа: Друмски велосипедизам, Планински велосипедизам, Вело-крос и  Спуст

Согласно ранг-листата беа прогласени следните велосипедисти и клубови по дисциплини.

Дисциплина Вело-крос

Категорија Мастерс 

МАСТЕРС
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Борче ЈОРДАНОВСКИМадал бал
2.Ален ДЕНКОВСКИОксижен
1.Љубиша КОНДЕВЕнерџи

Категорија Жени

ЖЕНИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
2.Андријана АНАСТАСОСКАКрос сајклинг
1.Дуња ИвановаЕнерџи

Категорија Кадети

КАДЕТИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Немања ПАУНОВСКИВело-М
2.Леон МИЛЕТИЌВело-М
1.Андреј МАЏОСКИИлинден

Категорија Јуниори 

ЈУНИОРИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Лука ДИМИТРИЈОСКИСпид бајк
2.Александар МИЛОШЕВСКИВело-М
1.Немања ПАУНОВСКИВело-М

Категорија Сениори 

СЕНИОРИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Димитар ЈОВАНОСКИЕнерџи
2.Емил ЦВЕТАНОВКрос сајклинг
1.Тефик САЛАХИМадал бал

Екипен победник Вело крос

ЕКИПНО-планински
ПЛАСМАНКЛУБ
3.ВК мадал бал – Скопје
2.ВК Илинден – Прилеп
1.ВК Вело – М -Куманово

Дисциплина Спуст 

 Категорија Јуниори 

ЈУНИОРИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Виктор ТОРКОВЕкстрим бајк
2.Бојан ЈОВЧЕВСКИЕкстрим бајк
1.Ристе ТОДОРОВОксижен

Категорија Сениори  (со ист број бодови прво и второ пласираниот)

СЕНИОРИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Боби ИВАНОВСКИЕкстрим бајк
2.Александар НИКОЛОВСКИПелистер 15 Мај
1.Јовче ДАСКАЛОВСКИЕкстрим бајк

ЕКИПНО

Екипно
ПЛАСМАНКЛУБ
1.ВК Екстрим бајк Битола
2.ВК Пелистер 15 Мај Битола
3.ВК Оксижен-Скопје  

Планински велосипедизам

Категорија Мастерс 

МАСТЕРС
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Марјан КУЗМАНОВСКИЕнерџи
2.Дарко БЛАЖЕВСКИКрос сајклинг
1.Љубиша КОНДЕВЕнерџи

Категорија  У-13

У-13
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Стефан АНГЕЛОВБел Камен
2.Лука ЈОРДАНОВСКИКрос сајклинг
1.Оља ЦВЕТАНОВАКрос сајклинг

Категорија  Жени

ЖЕНИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Анита ВЕЛИЧКОВСКАОксижен
2.Андријана АНАСТАСОВСКАКрос сајклинг
1.Дуња ИВАНОВАЕнерџи

 Категорија Кадети

КАДЕТИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Кирил АНЧЕВСКИКрос сајклинг
2.Никола ЧЕКЕРОВСКИОксижен
1.Давид ДИМОВБел Камен

Категорија Јуниори 

ЈУНИОРИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Валентино ПЕТКОВСКИВело-М
2.Дарио ВАСИЛЕВСКИКрос сајклинг
1.Александар МИЛОШЕВСКИВело-М

Категорија Сениори 

СЕНИОРИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Борис СТЕФАНОВСКИКрос сајклинг
2.Кирил МАРКОВСКИМадал бал
1.Димитар ЈОВАНОСКИЕнерџи

Екипен победник Планински велосипедизам

ЕКИПНО-планински
ПЛАСМАНКЛУБ
3.ВК Оксижен-Скопје
2.ВК Вело-М- Куманово
1.ВК Крос сајклинг – Куманово

Најдобрите во друмски велосипедизам

Категорија Мастерс

МАСТЕРС
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Сенад ИДРИЗИФеникс сајклинг
2.Ален ДЕНКОВСКИИнвиктус
1.Александар ГарачаМадал бал

Развојна програма

Категорија  У-13

                                          У-13
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Виктор АНГЕЛЕСКИПелистер 15 Мај
2.Александар РИСТОВСКИМВК Велес
1.Стефан МАЏОСКИИлинден

Категорија  У-15

                                            У-15
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Младен ПЕТРЕСКИИлинден
2.Михаил БОГДАНОВСКИПелистер 15 Мај
1.Константин КОСТОСКИИлинден

Екипен победник Развојна програма

ЕКИПНОразвојна програма
ПЛАСМАНКЛУБ
3.ВК Шампион систем-Охрид
2.ВК 15 МАЈ-Битола
1.ВК Илинден-Прилеп

Младинска лига

Категорија Кадети

КАДЕТИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Леон МИЛЕТИЌВело-М
2.Никола РИСТЕСКИИлинден
1.Андреј МАЏОСКИИлинден

 Категорија Јуниори

                                   ЈУНИОРИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Лука ДИМИТРИЈОСКИСпид бајк
2.Валентино ПЕТКОВСКИВело-М
1.Александар МИЛОШЕВСКИВело-М

Екипен победник Младинска Лига

ЕКИПНОразвојна програма
ПЛАСМАНКЛУБ
3.ВК Спид бајк-Кичево
2.ВК Илинден-Прилеп
1.ВК Вело-М- Куманово

Друмски велосипедизам Сениори

Категорија  Жени

                                            ЖЕНИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Андријана АНАСТАСОВСКАКрос сајклинг
2.Дуња ИВАНОВАЕнерџи
1.Елена ПЕТРОВАИнвиктус

Категорија Сениори   

СЕНИОРИ
ПЛАСМАНИМЕ И ПРЕЗИМЕКЛУБ
3.Тео ВРОНДЕЛИЕВМВК Велес
2.Виктор ВАНЧЕВСКИМВК Велес
1.Димитар ЈОВАНОСКИЕнерџи

Екипен победник Друмски велосипедизам 

ЕКИПНО-друмски
ПЛАСМАНКЛУБ
3.ВК Енерџи-Скопје
2.ВК Мадал бал-Скопје
1.МВК Велес-Велес
meblo trejd mialnici
Промовирана книгата „Креативни техники за работа со деца во инклузија“ од Тања Илиева и Александра Упале
Во просториите на основното училиште. „Св. Кирил и Методиј “ – Битола …
Нова превентивна кампања на СВР Битола – поблиску до граѓаните за побезбеден град
СВР Битола на подрачјето на Битола започна со реализација на нова превентивна …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Том Круз, Дејвид Бекам, војвотката Кејт аплаудираа на нејзините пресуди – Анета Павловска судеше на Вимблдон

Битолчанката Анета Павловска, една од најдобрите македонски тениски судии, судеше на годинешното…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…