кристиан

Во Хамбург, Германија се одржа 42-то издание на трката ,,Insellauf’’, која се состоеше од три десциплини, односно, полумаратон, 10км и 5 км. Битолчанецот Кристиан Стојани од Битола, кој сега живее во Германија, учествуваше на оваа трка на која учествуваа 2500 атлетичари.

Screenshot 2023 04 05 at 10 00 47 Certificates certificate1973.pdf

Стојани трчаше на 5 км и се најде највисоко на пиедесталот, додека исходот од истата, односно резултатот, кој Стојани го постигна беше 16:32.  ,,Insellauf’’ е една од најстарите и најтрадиционалните трки во Хамбург. Секој од учесниците, пријавени за учество на самата трка имаа можност да изберат помеѓу полумаратонот на островот Елба, островот ,,Десет”(10km)  и трчањето на ,,Mühlenlauf’’ (5km).  

339614764 1042411146735210 4655427779004343148 n

Патеката за трчање е живописна, опкружена со прекрасни градини од минатото со цел љубителите на природата и спортот да уживаат за време на маратонското трчање. 

338165821 597619598932801 8493836553414048023 n

Кристијан вели дека се чувствувал како да трча ,,cross country”, затоа што силниот ветар, како и калливиот дел од патеката, со кој се соочил помеѓу 2-риот и 3-тиот километар, го попречиле во постигнувањето на уште подобар резултат. Оваа трка, за Стојани е уште една подготовка за она што следува во оваа сезона.

339574510 2192828014438713 8555894433100783941 n

,,Зимските подготовки поминаа доста добро, па сега започнуваме да ја оштриме формата. Од самиот почеток, па се до самиот крај, се чувствував како да трчам соло трка. Се борев со силниот ветар, калливиот дел од патеката и непогодните временски услови. Го освоив првото место и сум задоволен. Секако дека можев и подобро, доколку временските услови беа подобри. Сепак, секоја победа е уште една доза на мотивацијата со која се движиме напред, кон освојување на нови хоризонти. Секое качување на подиумот те прави да се чувствуваш посебен. Можам да изјавам дека за месец дена се гледаме на Македонско тло” – изјави Кристијан Стојани за Читај бе.

jk tunis
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…