биенале

На Првото меѓународно графичко биенале на минијатурни графики и цртежи Битола 2023 кое ќе се одржи на 15 номеври 2023 со полеток во 20 часот во Офицерскиот дом Битола, ќе бидат изложени над 700 дела работени во речиси сите графички техники, како и во скоро сите техники за изработка на цртежи: од јаглен па се до акварел, акрилик, комбинирани техники итн.Свое учество бележат околу 80 држави со над 400 автори.

369578732 1386557508960951 4908077143063272132 n

За оваа голема ликовна, светска манифестација и за нејзиното понатамошно презентирање, веќе пројавија интерес неколку ликовни центри , сакајќи да ја  претставуват, популаризираат, афирмираат и во нивните средини.

Големиот одзив и бројот на присутните дела, ја позиционираат оваа ликовна, меѓународна манифестација во високо рангиран контекст.

За обележување е и специјалното присуство, односно одбраните колекции на 50 автори од Кина, кои настапуваат како специфичен и авторски, кинески павилион, колекцијата на околу шеесетина автори од Италија, во избор ина истакнатата италијанска графичарка Валерија Бертесина. Присуството на најистакнатите полски графичари, една од најзначајните графички средини во светот. Како и големиот интерес на автори од скоро сите дрѓави на латинска Америка од Мексико, Бразил, Аргентина.

370280928 150735161463809 7672712811057656771 n

Битола дефинитивно е светски ликовен центар, со што македонската култура воопшто, е претставена со истакнато значење и придонес од интернационален карактер.

За изложбата се подготвува обемен каталог кој што ќе биде доставен до сите учесници, како и институции а воедно ќе биде позициониран на интернет платформи на кои се позиционирани каталози и книги од овој вид, со што, ќе биде достапен до сите  заинтересиран низ целиот свет.

371529742 1706446926536008 4590187218825715056 n 1

Зошто минијатурната форма и зошто опфаќањето на двата медиуми: графика и цртеж, во предговорот на каталогот, образложува авторот на проектот и организаторот Владо Ѓорески:

…„ Уште во првите ракописни записи, минијатурите се појавуваат како илуминации преку кои е толкуван светот, пред почетокот на секоја буква, светли и просветлени како крилата на ангелот.

Низ и оваа човечка „цивилизација“ тие секогаш постоеле и биле создавани надвор од претенциозниот историски нарцизам.

Од „Јавачите на апокалипсата“, „Меланхолијата“ на Дирер, од „Мизеријата на војната“ на Кало, од „Капричосите“ и „Ужасите на војната“ на Гоја… тие постојат, осамено, скоро скришно и непознато, затоа што не се порачка за големите храмови, за царските палати, за дворците на аристократијата, за лавиринтите на политичките тврдини или банкарската парична логореа на „моќта“.

Тие не се програмско преповторувано клише, без отстапки и излети надвор од устоличените измислени стилови.

Тие мудро и незабележливо се провлекува низ неколкувековната хиерархиска цензура, всушност од почетокот на првите аномалии на престижното „јас“ и ништожното „ти“.

Тие стигна и до денес, не како клепсидрична тавтологија на историјата, туку како вечната паралела и генеза на првичните илуминации, на светлечкото зрачење на спиритуалниот лет, доаѓајќи со очајната порака дека денес, во овој миг над нас лебди ангелот со црвени крилја.

Пред да дојде, она потоа, кога после милениуми, во некои пештери ќе бидат откриени малите цртежи на човечки фигури со црвени крилја. И така, повторно, ќе почнат безброј толкувања, суетни разјаснувања на праисторискиот прапочеток…

Историјата се повторува не по ничеовското начело, туку по космичката гравитација претешка за човечката вирусоидна глупост наречена „цивилизација“. Се разбира ако и овој пат ѝ биде дозволено на таа „епидемија“ повторно да го заврти својот хуманоиден круг врз оваа напатена Планета. Доколку ова е последниот круг на историскиот рингишпил, ќе остане, засекогаш – пустината: чиста, тивка, спокојна и треперливо мудра како огледало од кое најубаво се гледаат сите ѕвезди како малечки далечни минијатури“…

370072744 1363941187558469 4490742980747550253 n

Изложбата ќе биде поставена во Културен и информативен центар –офицерски, Битола, кој е и соработник на овој меѓународен проект.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…