nesto konkretno

Вера Јанковиќ, Васко Тодоров, Ани Малинкова и психологот Мирослав Пендаровски гостуваа во второто издание од новата сезона на „Нешто конкретно”. Темата ни беше „Самодоверба или самобендисаност”, а гостите особено речити на истата.

neto konkretno3

Пејачката Ани Малинкова толку се сака себеси што таа и по дома си се шета дотерана и средена, својата самодоверба не може и не сака да ја скрие, па изјави: „Конкуренција во музичкиот свет кај нас не гледам, се уште не сум видела некоја на естрадата да ми дојде да речам е ова е јако, тоа е тоа”, рече таа.

Дали Вера Јанковиќ им се лути на „Макфест” за она што и го сторија? Таа ќе каже не, се уште е тука и достапна е за ако некогаш сакаат да ја позајмат. „Јас не се плашам од конкуренција, сакам да ја има за да видам до каде сум и што сум постигнала. Јас сум махер во се што работам”.

Од друга страна мажите во студиото беа малку поскромни со своите изјави.

neto konkretno2

Васко Тодоровски или Тошо Малерот како што сите милуваме да го викаме, во однос на својата работа со проектот К-15 изјави дека тоа што го направил е врвот, не може подобро. „Јас кога работам нешто го давам максимумот, значи ова што сте го виделе од мене е најдоброто, не можам подобро”, рече тој и сподели случки од тоа време што можете да ги слушнете .

neto konkretno4

Гледајте ја емисијата и дознајте кој според психологот Пендаровски има најголема самодоверба од неговите соговорници па во коментари ве чекаме да ни кажете дали и вие се согласувате со него.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

„Нешто конкретно” со Снеже Велков се емитува секоја недела на Телма во 17.00 часот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…