mkc naslvna

Младинскиот културен центар – Битола како граѓанска организација која активно работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, во соработка со Општина Битола и Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола, започна иницијатива за партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола за периодот 2023 – 2026 година.

Процесот започна со јакнење на капацитетите на Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола, продолжи со работни состаноци на работна група за изработка на стратешкиот документ за да во оваа фаза, реализираме активности преку кои ќе обезбедиме партиципативно учество на засегнатите страни во изработка на овој стратешки документ.

mkc

Со цел да обезбедиме поголема јавност и можност сите граѓани на Општина Битола да се запознаат со процесот, да дадат свое мислење и предлози, органираме два консултативни форуми за утврдување на текстот на стратешкиот документ.

mkc 2

Првиот консултативен форум за изработка на Стратегијата за развој на волонтерство во општина Битола е наменет за претставници на организатори на волонтерска работа (граѓански организации, државни органи и јавни институции) и граѓани. Вториот консултативен форум е наменет за млади кои се воедно и најбројна целна група која се вклучува во волонтерски активности. На овај начин сите засегнати страни ќе имаат можност да се вклучат и во креирањето на локалните волонтерски политики.

По завршувањето на консултативните процеси следува претставување на финалниот предлог документ пред Советот на Општина Битола.

326270051 574524910788428 2055822843167145426 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…