Денеска во Зоолошката градина во Битола беше промовирана збирката поезија која е резултат на конкурсот „Младите поети пишуваат за планетата Земја“, кој беше објавен по повод 22 април – Светскиот ден на планетата Земја и 23 април – Светскиот ден на книгата.

Проектот „Младите поети пишуваат за планетата Земја“ е во реализација на Ротари клубот „Битола Широк сокак“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во чест на прерано починатиот ротари член Нешат Аземовски.

Нешат Аземовски, беше долгогодишен еко-активист и основач на невладината „Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, промотор на вредностите на мултикултуризмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…