Во организација на НУУБ “Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” БИТОЛА денес во просториите на библиотеката се одржа промоција на книгата „СПОМЕНАР” од авторката Виолета Лазаревска.

349344450 1332258117635618 7386121152095837572 n

Воведен збор за настанот имаше Панде Димитровски, а делото го претстави Глигор Стојковски. Говорејќи за оваа книга тој рече дека авторката со своите автобиографски раскази на читателите им нуди приказни со необични доживувања и неочекувани пресврти, што лесно се восприемаат, пред се, поради користењето едноставна нарација.

349861523 1764744823995390 3645262301593692527 n

Лазаревска пак, осврнувајќи се на своето дело, подвлече дека преку оваа книга сакала да оживее дел од приказните кои долго време ги носела во себе.

На крајот, со видна возбуда и со многу емоции, рече: „Особена радост ми причинува што книгата ја промовираме токму во мојата родна Битола”.

349722926 597128222392907 1541844748815457042 n

Од освртот на Марјан Костовски: Со ова дело Лазаревска на читателската публика и нуди свежа едноставност која засекогаш ќе остане како “вечност што не старее”… Од рецензијата на Ј. М – Георгиева : „Споменар“ прилега на разговор меѓу блиски пријатели… Жив, спонтан, едноставен, неоптоварен со “украси”, топол, мудар, искрен е нивниот разговор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…