dame gruev

Основното  училиште „Даме Груев“ Битола  е препознатливо по низа Еразмус проекти поврзани со решавање на еколошки прашања со главен фокус на глобалното затоплување. Така и овој пат училиштето  беше  дел од Еразмус  активностите  во Турција со вкупно 24 наставници и ученици од Италија, Унгарија и Турција во рамките на Еразмус проектот „Направи ја Земјата подобро место за живеење“ која се реализираа во период од 23-27 септември, 2024 година.

af50b99e b15c 4e77 8769 c3a79deecd78

Активностите се реализираа со фокус на темата ПОЧВА, каде учесниците учествуваа во најразлични активности се со цел стекнување на зелени вештини, привлекување на вниманието на глобалното затоплување и климатските промени.

„Активностите започнаа со топло добредојде од страна на директорот и Еразмус координаторот од Турција  за да се продолжи со претставување на земјите учеснички каде имавме можност да ја претставиме нашата земја и нашето  богатство од  културно  историски знаменитости .

a6d3935c 3644 4d59 8d69 423a70abdae6

Во текот на нашиот престој во Турција учениците  учествуваа  во изработка на  дигитални игри за климатските промени и  проектно списание, постер презентации за глобалното затоплување ,посета на Орманија и истражување на богатата флора и фауна, т.е „Наша цел   беше  подигнување на  еколошката свест која ќе  продолжи една година на теми  вода,  пожар и  воздух .

Во иднина ќе организираме активности со нашите ученици  и  со партнерските  училишта се со цел да  помогниме да ја  направиме Земјата подобро место за  живеење“,  истакна на крај координаторот Соња Јанкуловска .

Скопскиот џез-фестивал: 45 години музика без граници
Пишува: Сара Танаскоска Не мора секогаш да ја разбереме музиката за да …
Оној што гледа со сомнеж лесно може да почне да мрази човек – Свети Филарет Московски за осудата
Треба да ни биде потешко да ги судиме луѓето, отколку да ги …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…