Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Франција информираат дека учениците на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот конкурс кој ја носеше темата „Спомени на иднината” доделени им се 17 индивидуални Благодарници со Признание за учество од кои најголем број признанија – вкупно три има Лили Илиевска.

Од пристигнатите над 10.000 дела изборот е во фаза на пред селекција со избрани 820 ликовни детски дела во кои има и едно битолчанче – член на ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола – Јаков Христов кој ќе се натпреварува за најдобрите 100 дела за 2022 година.

Од УНЕСКО воедно и со зборови за благодарсност до ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола:

Би сакале да истакнеме дека нашата активност оди подалеку од зборот “натпревар” бидејќи нашата цел е да ги зачуваме сите уметнички дела како сведоштво за нашата културна различност видена од децата и младите. Не заборавајте дека сите сме дел од еден од најголемите проекти за уметничка меморија во светот.

Ние сме многу благодарни и искрено ви благодариме за вашата соработка на овој голем проект.

Воедно Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО ја најавија и темата за следната 2023 година:

Тематскиот натпревар за 2023 година е: “Приказни и легенди на мојата земја” a натпреварот ќе биде отворен од 1 јули 2022 до 15 јануари 2023 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…