м нас

Во четврток, 12.10.2023 год.со почеток во 20.00 ч. во НУ Центар за култура Битола, вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија, „М“ ќе има своја премиера пред битолската публика.

На премиерата ќе присуствува дел од екипата на филмот.

“М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина.

м 3

Надежта го одржа човештвото, но нè одведе предалеку. Ја уништивме планетата. Па се навртевме едни против други. Вистинското прашање е, кој го носи вирусот? Ние или тие? Тие се заразени со гневот, но не се напаѓаат едни со други. А ние, малкумината кои останавме, се’ уште се убиваме меѓу себе…

м

Проекциите на филмот ќе бидат во големата сала:

Проекции во голема сала:

Четвр. 12.10.2023. 20:00

Петок 13.10.2023. 22:00

Сабота 14.10.2023. 20:00

Понед. 16.10.2023. 20:00

Вторник 17.10.2023. 20:00

Среда 18.10.2023. 20:00

Синопсис: Малиот Марко живее во зафрлена шума, под будното око на
таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо
подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена
сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници.

Еден ден, средбата со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во изолираниот свет на Марко. Како што му расте
љубопитноста, Марко копнее да ги открие тајните што се кријат зад границите
на дивината. Суров сплет на околности му ја исполнува желбата порано одошто
очекува. Го чека тешко патување, исполнето со непознати опасности и можност
да види еден засекогаш променет свет.


Улоги: Матеј Сиваков (Марко), Сашко Коцев (таткото), Александар Ничовски
(Мико), Камка Тоциновски (мајката на Мико), Тони Михајловски (Јон), Бојана
Грегориќ Вејзовиќ (жената војник), Верица Недеска Трајкова (мајката на
Марко), Владимир Тулиев (човекот со мантил), Оливер Митковски (слабиот).
снимател: Владимир Самоиловски
сценограф: Кирил Спасески Кикич
костимограф: Андреа Кустовиќ, Николина Костаншек
маска и шминка: Горан Игњатовски
композитор: Натанаел Бергесе
монтажа: Атанас Георгиев и Благоја Неделковски
продуцент: Дарко Попов (Фокус Покус Филмс), Вардан Тозија
копродуценти: Анита Јука (4 Film), Патрис Незан и Лорен Версини (Les Contes
Modernes), Валон Бајгора и Газменд Нела (In My Country Postproduction), Адолф
Ел Ассал (Wady Films). Фокус Покус Филмс, 2023

meblo trejd bravi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…