Овој месец се одбележува празникот посветен на водите, а по тој повод денес беше реализирана едукативна презентација за значењето на водата и нејзината улога во секојдневниот живот.
Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување – од зафатот на суровата вода до нејзината дистрибуција, како и со начинот на обработка и прочистување. Исто така, тие имаа можност да видат како се врши испитување на квалитетот на водата преку соодветни анализи.


Со оваа активност сакаме да придонесеме кон подигање на свеста за заштита и рационално користење на водните ресурси, бидејќи водата е непроценливо богатство кое треба одговорно да го чуваме и користиме секојдневно.





Настанот беше организиран од ЈКП „Водовод“ – Битола.
Патувањата се мелем за душата
Пишува: Сара Танаскоска Кога и да патувам некаде, дома се враќам со …
Карактеристики на реализирирана жена – според рускиот психолог Лабковски
Михаил Лабковски е руски психолог, писател, ТВ и радио презентер. Успеал да …








