Во Свечената сала на Офицерскиот дом, денеска беше потпишан Меморандум за соработка, меѓу Културно – информативниот центар во Подгорица, Црна Гора и Културно и информативен центар – Битола, Македонија.

oficerski naslovna

Меморандумот беше потпишан од директорките на институциите, Лили Бошевска и Снежана Бурзан Вуксановиќ. 

oficerski 7

„Задоволни сме што оваа институција со 55 годишно искуство ќе го споделат со нас, па ќе можеме на тој начин да ги продлабочиме и онака добрите пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора. Среќни сме што се тука, разговаравме за сите потенцијални можности, каде и како ќе соработуваме, да не биде само соработка ставена на хартија, туку плодна соработка која ќе значи размена на уметници во двете насоки, размена на идеи и културни настани и се што значи добробит за двата народа“, изјави после потпишувањето директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска.

oficerski 3

„Многу се радуваме на идната соработка со Културно-информативниот центар Битола. Една мала делегација од Подгорица сме овде веќе два дена, одлично се чувствуваме, ја чувствуваме енергијата на градот на клавирите, на љубовта, уметноста, градот на амбасадорите, конзулите, се се чувствува во воздухот и верувам дека уметниците кои ќе доаѓаат од Подгорица и другите црногорски градови тука, во овој величествен храм на културата, ќе ја почувствуваат таа енергија и ќе разменат со вашата публика емоции, што е цел на уметноста“, потенцираше Снежана Бурзан Вуксановиќ, директор на Културно – информативниот центар во Подгорица.

oficerski 4

На средбата присуствуваа Н.Е амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, конзулот на Црна Гора, Милорад Андријашевиќ. На потпишувањето како поддршка од Општина Битола присуствуваа и претседателката на Советот на општината Битола, Габриела Илиевска и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски.

oficerski 8

„Големо задоволство е што сум во Битола по овој повод, двете земји имаат пријателски односи развиени на сите нивоа, без отворени прашања. Граѓаните се поврзани меѓусебе, постои тоа пријателство и блискост меѓу нашите граѓани. Токму тоа пријателство наша цел е да го развиваме, не само на политичка и економска основа, туку и на најважното, културното ниво“, изјави амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

oficerski 5

„Мојата главна задача, како почесен конзул на Црна Гора во Битола е воспоставување на културна и економска соработка. На културна соработка сме доста подобри и ова е еден од тие значајни настани кои се случуваат. Нема да останеме на ова, соработката ќе ја продолжиме, веќе имаме договорено неколку проекти кои се надевам за брзо време ќе се реализираат“, истакна конзулот на Црна Гора во Битола, Милорад Андријашевиќ.

oficerski 6

„Мило ми е што јас како иницијатор на овој Меморандум, ги споив овие луѓе и во тоа успеавме да оствариме соработка. Ќе почнеме соработка, ќе ги поврземе уметниците“, проф. Горан Јанковиќ, пијанист.

oficerski
За сите разочарувања кои нé отрезниле…
Сакам разочарувања. Зошто? Затоа што тоа е моментот на отрезнување. Моментот кога …
„Да ја вратиме љубовта кон читањето“ – проект на Пелагонските културно-научни средби
Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле Канински“- Битола со нивните одделенски …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

    Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…