На 17-ти и 18-ти ноември 2022 година, делегација од студенти од Фан С. Ноли Универзитетот – Корча предводени од проректорот проф. д-р Арто Адоли и проф д-р Ирена Никај, како и делегација од Универзитетот на Западна Македонија предводени од проф. д-р Антониос Тосуниди, гостуваа на Педагошки факултет – Битола.

received 3332749046965811

За време на нивниот дводневен престој во Битола, студентите од трите универзитети остварија две работни средби на кои предложија серија интересни активности и идеи кои би можеле да ги организираат на ниво на студентски организации во блиска иднина.

received 859943638784729

На покана на проректорката за студентски работи при УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, студентите присуствуваа на спортски турнири организирани од Универзитетското студентско собрание во универзитетската спортска сала „Павел Шатев“ по повод меѓународниот ден на студентите, 17-ти ноември.

received 457472796502812

Предводени од деканката на Педагошки факултет, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, дел од професорскиот кадар и студентите од Педагошки факултет – Битола, двете делегации посетија повеќе локации во Битола кои се од културно-историско значење за нашиот град, како НУ Завод и Музеј – Битола, Широк Сокак, Саат кулата и Старата чаршија.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…