stihovno vojuvanje naslovna

После подолг период, битолските рап групи Стиховно војување и Поетика објавија нова рап песна и видеозапис, со што повторно емоцијата ја претворија во музика. Песната ,,Поинаков свет” е реализација на Кичо од „Стиховно Војување” и Јове од „Поетика”. Нивната соработка резултира со освежување како на битолската, така и на македонската рап сцена. Стиховите во песната, напишани од нив, зборуваат за една поинаква младост, за сеќавањата и мемориите од детството кои ги носиме со себе и кои се уште имаат некаква инфлуенца врз нашата реалност. Младоста е приказна без почеток и крај, затоа двете групи се сплотија низ стихови да ја акцентираат важноста на младите години и носталгијата која непрекинато тече низ вените за враќање кон еден свет, кој денес, како резултат на развојот на личноста, е поинаков. Токму овој поинаков свет, никогаш не би бил поинаков, доколку не била завршена фазата низ кој поминува секоја личност, а тоа е младоста.

,,Зборот уште има таква сила светови да создава, за една младост која секој уште ја препознава” (извадок од рап песната ,,Поинаков свет”).

,,Поинаков свет” е снимена од Amazing Records, додека за миксот и мастерингот беше задолжена продукцијата Бертини Асановски. Реализацијата на видеото, како и режија на песната е Дејан Трајчевски. Спотот е сниман на неколку локации во Битола, а како гостин во ,,Поинаков свет” се појавува Игор Мицевски, со кој и двете групи имаат претходно соработувано на повеќе музички проекти.

stihovno vojuvanje 04

,,Темата на песната претставува еден времеплов кој бавно патува од неповратното и се судира со сегашноста која е мотивирана да се сеќава и да остава трајни белези до бескрајот. Извор на носталгија која преку стиховите и виолината умее да зборува, да чувствува и да предизвика емоции кои можат да допрат и до најдлабокиот порив на човековата свест. Песната симболизира плод на многубројни претходни соработки кои одлучивме да ги крунисаме со едно ново заедничко остварување, како еден сублимат на целиот долгогодишен творечки опус” – вели Христијан Аџиоски (Кичо) за Читај бе.

stihovno vojuvanje 07

За тоа каков е нивниот „Поинаков свет” ни кажува песната:

jk tunis
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…