biljana todorovska

Биљана Тодоровска е човек кој е брутално искрен на суптилен начин. Нејзиниот исказ секогаш е поддржан со драмска содржина, т.е од една песна може да се постави сцена. Таа е жена борец, не птклекнува на притисоците од рапавото секјдневие, а најмногу ја сакам  покрај нејзината спонатаност, природност, поради една реченица која ја кажува секога во муабет: „Ако е среќен човек во тоа што го прави, што има да мисли дали чини или нечини, ако мисли ќе се уљандиса…“. Во продолжение три песни од нејзините „Варијации“.

Ех, да ме сакаше

Ех,

да ме сакаше

можеби хаосот во Универзумот ќе се средеше.

Венера, сигурно ретроградно немаше да се движи.

Месечината ќе имаше своја

немаше да ја користи Сончевата светлина.

Ќе имаше живот на Марс

па, соседите сигурно ќе ме тешеа,

за тебе.

Солзите на Св. Лоренс и понатаму

ќе се нарекуваа Персиди.

Ти и јас заедно ќе им се восхитувавме,

прегрнати, со сјај во очите.

Ех да ме сакаше

срцето на место ќе ми беше

немаше да лута низ Млечниот пат

барајќи те,

туку со тебе

ќе чукаше за тебе.

Ех! Да ме сакаше

универзумот ќе се радуваше

ај пробај … Засакај ме,

за да станеме, центар

на Земјината ротација.

Студена како Битола во зима

Ако се сретнеме, утре

нема да ме препознаеш,

Сонце повеќе не ме грее.

Во мојата душа

замрзнаа сите реки на љубовта

пепел се направија вулканите

на страста,

згаснаа жаровите на среќата.

Насмевката ми стана студена

како нашата Битола во зима.

Под мразот живеат само

рушевините од времето

во кое те љубев, живеев.

Цвет во ноќта

Бев цвет, црвен

за љубов, стрвен

за трошка нежност, жеден

знаев: „животот е вреден“.

Во осамата, тагував

Недопрена да останам, стравував.

Бев жена која во ноќта

Од Сончевата страст ја црпи моќта.

Мислев дека може

о Боже

пред време да свенам

ако ме немаш ако те немам.

meblo trejd grealka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…