jasmina naslovna

Јасмина Јошевска е родена на 18 март, 1980 година. Автор е на повеќе книги поезија.
Нејзиниот поетски израз се движеше низ трансверзала на барање, наоѓање и кулминација на чувственоста во зборот до гола искреност. Сѐ се случува овде и сега – вчера не се враќа, утре никој не го гарантира, само сега е наше, а и тоа се губи со секоја отчукана секунда.
Во продолжение три нејзини песни, затоа што поезијата не се објаснува:

jasmina 1

Одговор
Фамозно е прифаќањето
на еден одговор,
тактички точен,
искрен, неповторлив,
непоколеблив…

Моментот на кулминација
создаден од доволно немири
побара да никне….

Во бездната
од спознавање
веројатно како фарса
остана токму ти….
Прогонет во своите огништа
без вредност да талкаш
во бесмислен простор.
Ете го твојот одговор!

Составено и оставено

Доловив епитети и метафори
та да ги нахранам гладните
а ме чинат милион причини
за да се разбудам
со патокази за нови исцртувања
на веќе создадената уметност.
Толку многу колорити
чиниш небото за мене создаде,
макар исушени далги,
макар притиснати вилици,
макар непознати лица
кои имаат сѐ.
Неразголена душата
крепеше тапи удари
со заседа на буквите
реторички зацртани раскинати својства
низ рацете облеани со пот
и рабираш дека залиха на животов НЕМА
да се послужи повторно
кога паниката ќе те стигне.
Уникатност во акорди
е обид да се спаси остро
како антиквитет поимот,
неизмамени од илузијата.
Танцуваше денот прегрнат со ноќта
и се смешкаше наводно
што осаменоста не е трајна

а откажувањето не е одлика
на големите и силни души.

Гори мислата
Јачина за снагава
да приберам
во опсегна крајната цел.
Мраз ледено
негодувањето ме покри наместо говорот
сврзано со едно будење
исплакано во неделно утро.
Поглед над обидите
враќање на ликот
исцртан поинаку
жртвуван врз значењето
на еден туѓ живот
каде гори мислата за помислата просторна….
Неповторлива за минато време
во безвреме
на последен исполнет акорд.

мебло организатори

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…