Битолската населба Баир, неодмна доби нова чешма. На популарната локација „Тепсија” каде што има спортски терени и каде што се движи голем број на ромското население со поддршка на ЈКП Водовод Битола беше поставена нова чешма.

290554358 341895304802527 5100758091306917051 n 1

„Прво сакавме да ја реконструираме една од старите чешми во нашата населба, но во консултација со надлежните во КЈП Водовод од Битола, добивме сугестија дека тука е подобро, па така со нивна поддршка го реализиравме поставувањето” истакна Ремзи Медик член на BST тимот.

Вчера, поттикнати од идејата да се разубави овој простор и да се подигне еко свеста кај населението, се собраа дел од жителите и реализираа акција за чистење.

„Убаво е кога ќе се разбуди свеста дека таму каде што минуваме повеќе часови од денот, а не е нашиот дом, да направиме нешто за околината. Па така спонтано направивме и еко акција која целосно произлезе по наша иницијатива, како Тим за поддршка во населба БАИР, па решивме да собереме отпадоци и да расчистивме наоколу. Една убава акција за почист двор и нова чешма” – објаснува Филиз Алиу од Тимот за поддршка BST.

На иницијатува за локална еко-акција се приклучи и ЈП Комуналец Битола, со цел да се уреди и просторот околу чешмата со што се создава соодветен простор за потребите на жителите.

„Би сакал да се заблагодарам и на вработените во ЈП Комуналец, кои само по еден мој допис излегоа во пресрет, па така заеднички со граѓаните од населба Баир и проектниот тим направивме и еко акција на чистење на просторот околу месната заедница. Собрани се 15 вреќи ѓубре, само во дворот на МЗ Димитар Влахов.” – објасни Медик.

290179564 1001120200553352 1754524028256374555 n

Со овој потег, се дава и функционалност и изглед на овој дел од битолскиот Баир за потребите на граѓаните, особено во овој топол период. Активностите се координирани од Преда плус Фондација, во склоп герила акција во рамките на Кампањата за подигање на свест кај ромското население за пристап до јавни услуги во проектот БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финасиран од ЕУ.

    Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
    Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
    Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
    Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

    На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…