sara kolumna opstevstvo

Пишува: Сара Танаскоска

Кога велам дека живееме во труло општество дел од вас ме напаѓаат во коментари дека не било цело општество труло дека само дел бил смрдливиот… луѓе ние колективно сме отруени. Време е да научиме да ги признаваме своите грешки и да учиме од истите. Многу души на ова тло се полни со омраза, зло и немање никаква емпатија. Од каде оваа омраза? Ова зло? Следнава реченица е намененета за генерацијата што ја украде иднината на мојата генерација. Вие сте производот на „убавото“ време на Југославија, а ние сме само колатерална штета.

Што ќе украдете сега? Одговор: Нашата желба за промени, бидејќи борбата со ветерници е полесна од оваа војна. Ние сме генерација отруена од „убавото“ време на Тито. Еден ден можеби ќе се сетите дека на ова тло беше убаво ама навистина убаво. Прво мислев дека проблемот е во луѓето што се различни, меѓутоа рибата смрди од главата. Зар не? Можеби и ние ќе научиме да бидеме „умни“ и „послушни“ на големиот чичко и ќе го продолжиме магичниот круг на „убавото“.  Плачеме колективно за трагедијата во Кочани, плачеме за сите трагедии ама во исто време кладилниците се полни, тоа според мене е одраз на сиромашно општество. Можеби имаме пари, а не знаеме да менаџираме со истите, ама едно е јасно ние сме сиромашни души.  

Кога велам дека живееме во труло општество, не навредувам само некого поединечно, туку зборувам за систем што е длабоко заразен. Трулоста не е само во луѓето кои ја носат омразата, туку во молкот и оправдувањата што го хранат овој отров. Колективно сме заразени, и ако не го признаеме тоа, никогаш нема да излеземе од оваа темнина.

Омразата и злобата кои ги гледаме се само симптоми на подлабоката сиромаштија на души, недостатокот на емпатија и човечност. Ние сме генерација отруена од ‘убавото време’ кое нè остави со празни раце и скршени надежи. Системот што го наследивме е создаден да ја одржува оваа трулост. Од институции кои молчат до луѓе кои се плашат да проговорат. Плачеме за трагедијата, а во исто време гледаме како општеството продолжува да се потонува во рамнодушност. Ние сме пирејот што никогаш не сотре, но полека сотре се’ што е човечко во нас.

Време е да престанеме да молчиме и да го разгалиме овој систем со наша активност и храброст. Емпатијата не е слаба точка, туку најсилното оружје што го имаме против трулоста. Ако продолжиме да ги затвораме очите, ќе останеме заробени во овој круг на отров. Да не заборавиме дека нашата иднина зависи од тоа како денес ќе одлучиме да реагираме. Само кога ќе научиме да бидеме луѓе, ќе ја исчистиме трулоста што нѐ гуши.

Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…