omer hajjam

Рубаија е оригинална персиска форма која за прв пат се појавува околу десеттиот век. Таа е песна составена од четири реда, од кои првиот, вториот и последниот се римуваат, додека третиот ред ред најчесто не се римува. Во една рубаија се искажува една мисловна целина и тие не се врзани тематски туку секоја е засебна. Рубаите се често плод на моментално созерцание кое поетот го искажува збиено во една строфа, поради што тие често се споредувани со јапонските хаику песни.

Омер Хајјам зазема значајно место во историјата на светската книжевност, токму поради неговото поетско творештво. Главна причина за тоа е животната мудрост , филозофската содржина, како и универзалните пораки на неговите рубаии, што ги прави приемчиви за читателите од сите мердијани на земјината топка и од кои било временски периоди,

Колку ќе робуваме на она што го вели толпата?

Колку и да трае, ќе ни заврши приказната

Дај ми малку вино, полека налевај

Пред да станам стомна во бакалницата.

За оној кој ги разбира тајните на светот

Радоста и тагата исто се во летот

Бидејќи и доброто и лошото ќе завршат

Тогаш важно ли е дал си болката или лекот?

Пријателе, зошто поради ова постоење би тагувал?

Зошто своето срце со напразни мисли би го измачувал?

Живеј среќно, животот во радост помини го

И така на почетокот никој за ништо не те прашувал.

Пиј вино, не престануваат со вртење небесата

Секој живот ќе помине што е на земјата

Седни на ливада и полека вини писпивај

Пред и од твојот гроб да изникне тревата.

Оној кој има леб со кој се наситува

И живеалиште каде се засолнува

И никому слуга нит господар не е

О колку среќен свет поседува!

Паметта не вреди во времињава денешни

Будалите во вакво време се поумешни

Ајде да најдеме нешто што умот го одзема

Да се залажуваме, за да сме посреќни.

За тајни во меаната со Тебе зборувам

Подобро е отколку без Тебе во михработ да се молам

О Ти што си почеток и крај на сите нешта

Јас сум Твој, без разлика, дали уживам ил’ горам.

Цитати кои ве поттикнуваат да го промените вашиот живот
„Никој не може да ве натера да се чувствувате инфериорни без вие …
45. јубилејно издание на „Мал битолски Монмартр“ се отвора утре во Офицерскиот дом – Битола
На 23 мај 2026 година, со почеток во 20 часот, во архитектонскиот …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…