Пелистер на домашен терен го победи ТФТ со 110-106 после пресвртот во второто полувреме. По одличното прво полувреме на гостите од Скопје, лидерот на табелата успеа да направи пресврт во последната четвртина и да стигне до победата со која ја потврди најдобрата стартна позиција во пресрет на вториот дел од сезоната – Суперлигата.
Во веројатно најефикасниот натпревар во овој втор дел од првата фаза на шампионатот, стигнаа до посакуваната победа.
Најефикасни кај домашната екипа беа Mалешевиќ со 38 и Кесар со 19 поени, додека кај ТФТ се истакнаа Бишоп со 21 и Хортон со 18 поени. Натпреварот го следеа преку илјада гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Пелистер е единствената екипа која ги освои сите бодови на домашен терен во регуларниот дел на сезоната.Со дваесет победи и два порази екипата на Илиевски постави нов клупски рекорд и како првопласирана ќе влезе во Суперлигата.