Неодамна нашиот битолчанец Кристијан Стојаноски, студент магистрант за софтверско инженерство од Русија, се обучи во одделот на емоциите и внатрешните блокади на човекот како индивидуа, со цел да им помага на луѓето ширум светот да ги пребродат како внатрешните, така и надворешните болки и да се исполнат со желба за живот и позитивна енергија. Кристијан ни го објасна процесот на функцијата на емоциите и за Читај бе изјави дека тоа е цела наука за која недоволно се знае во Македонија, но во светот одамна започна да се развива и практикува.
Според Кристијан, „Emotion Code” е техника на енергетско исцелување со цел да им помогне на индивидуидите ширум светот да ги идентифициираат и да се ослободат од заробените емоции кои претставуваат штетни енергии и резултираат од минатите настани на човековото битие. Штетните емоции се направени од енергија како и остатокот од телото на човекот, истите воедно влијаат на физичките ткива и може да предизвикаат потенцијални болести. Кристијан Стојаноски вели дека ослободувањето од ваквиот вид на емоции го доведува телото во состојба самото да се излечи и да овозможи исчезнување или поголема контрола врз физичките и емотивните потешкоти. Некои од потешкотиите со кои денес често се среќаваме се: анксиозноста, емотивниот стрес и депресијата.
,,Со постојаното практикување и запознавање на “Emotion Code” техниката ваквите состојби на телото и умот брзо исчезнуваат” – вели Кристијан Стојаноски.
Стојаноски, после завршувањето на школата и добивањето на сертификат за истата, освен што се занимава со програмирање, држи и сесии со кои им помага на луѓето со потешкотии да ги надминат своите проблеми. Додека трае сесијата целиот фокус е насочен на потешкотиите кои се приоритетни за клиентот, кој најчесто седи во релаксирачка положба. Една сесија трае 20 минути, а воедно се прочистуваат преку 15 емоции кои струјат низ телото.
,,Енергетското лечење може да ни помогне да направиме трајни физички и емотивни промени на нашето тело, некогаш и со многу малку работа со цел да живееме здрав и слободен живот без тешкотии” – изјави Кристијан Стојаноски за Читај бе.
Разговараше: Сара Трајчевска