venko naslovna

„Папокот на светлината“ најновото книжевно остварување на Венко Андоновски беше претставено пред битолската читателска и книжевна јавност.

Промоцијата се одржа во салата на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Промотор на романот „Папокот на светлината“ беше писателката Винка Саздова прво и заштитно лице на издавачката куќа „Три“ чие издание е романот. Романот неодамна се закити со наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување за 2022 година.

Венко Андоновски е писател чие перо длаби во човечката душа. Читателот го тера да се напрегне да размислува, со благоста и поуката на Светите Отци, па така го носи пиетот за најчитан македонски автор.

Романот „Папокот на светлината“ е во знакот на Светото Тројство, но авторот тврди дек не е православен роман, туку роман за Светлината кој навидум има три различни наратори, три навидум неповрзани приказни, така што нуди нов можен начин на читање на неговиот роман „Папокот на светот“ првично објавен во 2000 година.

„Животот треба да се изживее во еден херојски напор и сè да даде ме од себе да станеме подобри луѓе“ – рече низ разговор со писателот Андоновски.
„Папокот на светлината“ е роман за надежта, нешто кое му треба скоро на сите луѓе, оптимизам со кое ќе го „возиме“ и утрешниот и поутрешниот ден и така натаму.

И на крајот не е поентата дали собираме мудри мисли од книгите, туку дали ги живееме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…