327737480 911539020274055 1596927172729224874 n

Град кој им оддава должна почит на своите величини, чествувајќи ги преку преку нивите дела како дел од колективната меморија и идентитет е град кој има иднина. Во Свечената сала на Офицерски дом при КИЦ Битола, беше отворена поставка на делата на битолскиот сликар Стојан Апчевски.

327720881 705288594577531 7822636785838151817 n

Бројни пријатели, почитувачи, уметници и вљубеници во ликовната уметност дојдоа да одат почит кон овој велик ликовен дух.

327549029 1396478801096775 3929088712427406702 n

На присутните им се обрати директорот на КИЦ Битола, Лили Бошевска, а со посебно видео обраќање од САД, се обрати наследникот на уметникот , внуката Паула Апчевска благодарение на која беше можно поставување на оваа поставка.

327761602 581516896750140 4359986488114366809 n

За значењето на творештвото на Апчевски осврт даде ликовниот критичар Владо Ѓорески.

327564072 560431312676201 5138859442677982134 n

Повеќе од педесетгодишното сликарство во Битола, современо и актуелно, создавано од  годините по ослободувањето до крајот на дваесеттиот век, денес, скоро пред исчезнување, без систематски и целосно обработен  преглед за сите автори, без галерија – музеј за овој творечки неповторлив феномен. Сликарството на Стојан Апчевски, обид и предлог да се направи една покомплетна ревизија кон ова се поинтересно и позначајно дело кое е рамноправен дел од тие неповторливи, големи денови за културата на Битола.

Битола од крајот на четириесеттите години до средината на девдесетите од минатиот век, оствари богат, современ и актуелен ликовен творечки амбиент, кој што често беше на рамнише на поважните ликовни случувања во југословенските простори. Делото на сликарот Стојан Апчевски иако е дел од тоа севкупно достоинствено, важно и значајно ликовно миље, остана недоистражено, неархивирано, без посериозни толкувања и размислувања. Ова е прв обид да се рехабилитира еден значаен опус кој е дел од тоа неповторливо европско творечко и културно живеење на Битола“, пишува во освртот на Владо Ѓорески за делото на Стојан Апчевски.

327415383 719215946401585 1037729499919446324 n
327613994 661846545694935 4009209381313314605 n
meblo trejd kabanici
Никогаш нема да вредите за луѓето кои НЕ МОЖАТ да прават што сакаат со вас
Во животот често среќаваме луѓе кои не нè прифаќаат такви какви што …
Способностите на духовно освестените личности
Сте забележале ли колку е тешко да предизвикате личност која е духовно …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…