rromi naslovna

Во НУ Завод и музеј Битола се отвори изложбата насловена „Расна дијагноза: Циган“ – нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање“, организирана од страна на РРОМА – Кратово во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан.

rromi izlozba 4
rromi izlozba 11
rromi izlozba 14

Геноцидот на околу 500.000 Синти и Роми под Национал-социјализмот сè уште се смета за „заборавен Холокауст“. Затоа Фокусот на изложбата е националсоцијалистичкиот геноцид на Синтите и Ромите: од исклучување и обесправување на малцинството во Германскиот Рајх до нивното систематско истребување во Европа окупирана од нацистите. Дехуманистичките перспективи на сторителите се спротивставуваат на сведочењата на жртвите. Старите семејни форографии од Синти и Ромите ни даваат увид во реалноста на нивните животи, овозможувајќи им да се истакнат како поедници. Изложбата се состои од три поглавја – првото поглавје Вовед во темата, второто поглавје Геноцидот на Синтите и Ромите во Европа окупирана од нацистите и третото поглавје – Повоената историја и сегашната ситуација. Преку овие три поглавја ни се откриваат уништените животи кои се наоѓаат зад апстрактните документи кои ги запишуваат бирократски организираното уништување. На крајот на изложбата, посетителите добиваат сознанија за состојбата со човековите права на Синтите и ромските малцинства во Европа по 1989 г.

На свеченото отварање присуствуваа Адмир Ујкановиќ и Емина Шеомо, Директорот и Советничката на директорот на Управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија.

„Ви благодариме за вашето присуство и голема благодарност до колегите и пријателите Ферзијe Асаноска и Фатма Бајрам Аземовска од здружението за Развој на Ромската заедница СУМНАЛ, Сали Мемет од Едукативниот и медиумски центар 24 Вакти и целиот колектив на Национална Установа Завод и Музеј Битола, што не подржаа и поткрепија за денешното свечено отварање на изложбата.
Со разгледување на изложбата да заземеме решителен став против опасната клима на маргинализација и омраза, преку подигање на свеста, обезбедување информации и создавање култура на сеќавање. Сепак, расизмот и популизмот не само што го поткопуваат правата на малцинствата, тие се насочени кон срцето на нашето демократијата. Верувам дека оваа изложба ќе помогне да пренесеме порака не само на младате, туку на сите генерации, дека истото може да се случи пак, и не само денес, и во иднина и во секој момент да се потсетите на безмилосните, грозни, и мрачни случувања во минатото“, рече во своето обраќање Урмета Арифовска од .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…