vrahos

Јонското крајбрежје на западна Грција е вистински скриен рај – место каде тиркизната вода се слива со зелените ридови, а плажите изгледаат како разгледници. Ако сонувате за мирно лето исполнето со сонце, кристално море и традиционална храна – еве ги нашите омилени дестинации:

parga

 Врахос – Долга, широка плажа со ситен златен песок и неверојатно чиста вода. Врахос е идеален за семејства и парови – тука ќе најдете уредени лежалки, beach bar-ови со chill музика, како и тивки делови каде може да се опуштите без гужва. Сместувањето е веднаш покрај плажата, па буквално станувате и се бањате.

%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%85%D0%BE%D1%81 %D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B0

 Лигија – Мало, тивко место на само неколку километри од Превеза. Плажата е каменесто-песочна, многу мирна, со кристална вода идеална за пливање и нуркање. Лигија е позната по свежата риба и таверните веднаш до морето – тука ќе го вкусите вистинскиот грчки живот.

sarakiniko 2 scaled 1

 Парга – Најшармантното место на Јонското крајбрежје! Парга плени со својата бохо енергија, колоритни куќички и погледот кон замокот на ридот. Во близина се наоѓаат неколку прекрасни плажи:

Валтос – најголема и најпопуларна, со ситен песок и лежалки, совршена за целодневен престој.

Лихнос – сместена меѓу карпи, со длабока, чиста вода – омилена за кајак и нуркање.

Сарикинико и Аи Јанис – помали и поинтимни, со природна убавина и помалку туристи.

%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B0

Сивота – Оддалечена само 30-тина минути од Парга, Сивота нуди уникатно искуство – мала ривиера со зелени островчиња и плажи до кои може да се стигне и со чамец. Bella Vraka е една од најпознатите – поврзана со копното преку плиток премин низ морето.

%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B0 1

Превеза – Мало пристаниште со долга песочна плажа – Монолити – која важи за една од најдолгите во Грција. Идеално за оние што сакаат долги прошетки покрај море, но и вечерно уживање во кафулињата и таверните.

147795679

Јонското крајбрежје е идеално за оние што сакаат да го искусат најдоброто од Грција – плажи без масовен туризам, искрена гостопримливост и природа што одзема здив.

JK Travel
Отворање на новите простории на Општинската Организација на Црвен Крст Битола наменети за социјалните услуги
Отворањето на нови поглавја во реализирањето на хуманата мисија е во тесна …
Воведение на Пресвета Богородица во ерусалимскиот Храм
Еден од големите Богородични празници е и празнувањето на споменот на Воведението …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…